Модели

Škoda Scala Внатрешност

Формата ја следи функцијата

Внатрешноста на Škoda Scala го рефлектира надворешниот дизајн и прави уште еден чекор кон иднината со одлична изработка. Инструмент таблата со меки површини од пена и слободно стоечки дисплеј со ленти и украсни потписи привлекува сечие внимание во пространата внатрешност. И тоа без да се изгуби од вид добро осмислената ергономија што е типична за Škoda.

Škoda Scala Внатрешност

Нова перспектива

Седењето зад воланот на Scala го подигнува уживањето во возењето на ново ниво: Почуствувајте ја удобноста на ткаенината на Suedia седишта. Фатете го повеќефункционалниот волан, кој ви овозможува да го приспособите и контролирате виртуелниот кокпит или да добиете дополнителни информации за местата за паркирање или временските услови на вашата рута преку инфозабавниот систем, кој е директно во вашето видно поле.

Škoda Scala Внатрешност

Ваш стил. Ваша Scala.

Друга предност на внатрешноста на Škoda Scala - покрај емотивно наполнетиот дизајн и висококвалитетните материјали - е можноста за нејзино прилагодување. Изберете од различни варијанти на дизајн со различни потписи на декор. Покрај тоа, амбиенталното осветлување создава пријатна атмосфера.

Škoda Scala Внатрешност

Удобност и топлина

Удобноста нè засега во текот на целата година. Во зима, нема ништо подобро од загреано ветробранско стакло кое ќе ве спаси од гребење мраз наутро. И ако треба да излезете на студ, загреаниот волан и загреаните предни и задни седишта ќе ви помогнат брзо да се загреете.

Škoda Scala Внатрешност

2-зонски Climatronic клима уред

Системот за климатизација Climatronic трајно ја одржува температурата што сте ја поставиле. Има две зони за да може да се постават посебни температури на двете предни седишта. Во исто време, функцијата Air Care ефикасно го чисти воздухот во возилото. Вградениот сензор за влажност го спречува замаглувањето на шофершајбната и обезбедува пријатна клима - во текот на патувањето.

Škoda Scala Внатрешност

Панорамски стаклен покрив

Големиот панорамски стаклен покрив овозможува многу дневна светлина во внатрешноста. Црното затемнето стакло, исто така, гарантира дека возилото не се загрева на сонце.

Škoda Scala Внатрешност

XXL багажен простор

Практичниот, правоаголен багажен простор со различни куки и опции за прицврстување нуди дарежливи 467 литри. Ако поделениот потпирач за грб е преклопен, волуменот може да се зголеми на 1.410 l.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна