Сите модели со погон на сите тркала неодамна се обновија или целосно се преработеа. Со тоа, Škoda во сегментот на компактната и средната класа има атрактивна и млада понуда на 4x4. Škoda погоните на сите тркала нудат низа предности во споредба со возилата со погон на две тркала.
Варијабилната распределба помеѓу предната и задната оска води до максимлен пренос на моќноста на скоро секоја подлога. Влечната сила е значително зголемена, што особено ќе го ценат возачите со приколка или трејлер. Полесно е и поаѓањето.
Се повеќе клиенти се одушевени од извонредните возни перформанси, комфорот, безбедноста и сестраноста на нашите модели со погон на сите тркала. Од 2008 година, чешкиот произведувач четирикратно ги зголеми неговите годишни испораки на 4x4.
Возилата со погон на сите тркала овозможуваат висок степен на безбедност и комфор. Практичното користење за возачот е значително подобрено, бидејќи возилото е пофлексибилно во различни ситуации и може да се користи и на потежок терен.