Модели

Атрактивната и млада 4x4 понуда ŠKODA модели со погон на сите тркала

OCTAVIA Combi 4x4

Најновата генерација на OCTAVIA одушевува со оптималните возни перформанси. Ова е овозможено од најмодерната технологија врз основа на електронски регулираната ламелеста спојка од најновата генерација во комбинација со моќните мотори и иновативната технологија на подвозјето.

Погонот на сите тркала на OCTAVIA Combi 4x4 овозможува и при лоши временски услови или неповолни услови на патот секогаш безбедно да пристигнувате до целта. OCTAVIA Combi 4x4 се нуди со три моќни мотори: два дизел мотори 2.0 l TDI со 150 КС и 184 КС DSG, како и бензински мотор 1.8 l TSI со 180 КС (и со менувач со двојна спојка DSG).

Покрај тоа, таа нуди многу простор, бројни "Simply Clever" решенија и висок степен на функционалност.

KODIAQ 4x4

Стрмни планини и долини, чакал, кал или дупки на патот? На KODIAQ со погон 4x4 ниеден предизвик не му е преголем. Експертот за Offroad ќе Ве одушеви при секое возење со неговиот голем потенцијал и првокласна реакција: Вашиот совршен сопатник за авантура.

Погонот на сите тркала го овозможува електронски регулираната ламелеста спојка. Распределбата на силата на спојката на задната оска се врши автоматски, така што при нормални услови на патот, се користат сите предности на предниот погон, додека на потежок терен, се користи погонот на сите тркала.

Безбедно возење со SUPERB 4x4

Со ŠKODA SUPERB 4x4 ќе ја почувствувате зголемената безбедност, без разлика дали се работи за кривини во коишто спортски возите или при зимски услови на патиштата. Има четири мотори, коишто се достапни со најмодерната технолоигја на погон на сите тркала. Преносот на вртежниот момент на сите четири тркала се врши автоматски зависно од условите во коишто се вози.

Истовремено, ŠKODA SUPERB и ŠKODA SUPERB Combi ги потврдуваат добрите вредности на ŠKODA: многу простор, извонредна функционалност, висок степен на комфор, врвна безбедност, најдобар сооднос помеѓу цената и перформансите и самоуверена елеганција. ŠKODA SUPERB освен тоа, нуди и комфор којшто е поголем од она што го нуди средната класа.

Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете