Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

4x4=16 предности

На сите четири

Нашата 4x4 технологија нуди повисок степен на комфор и безбедност за Вас,  и за Вашите сопатници, пријатели  како и за целото семејство. Со погонот на сите тркала, може да се избегнат некои опасни и ризични ситуации. Освен тоа, може во секое годишно време целосно да се ужива во возењето и на и вон асфалтираните патишта. Започнете ја авантурата со 4x4 моделите на ŠKODA!

Дозволете си го најдоброто

4x4 моделите се соодветни за динамични и спортски возачи, коишто би сакале повисок степен на безбедност и стабилност при возењето при различни услови на коловозот. Посебен комфор при возењето нуди погонот на сите тркала благодарение на подобрата стабилност на насоката. Возачите со приколка ќе го ценат соодветното пренесување на силата.

4x4 значи сигурност

Влажните лисја, чакалот, силниот дожд, заледените патишта или снегот ја зголемуваат опасноста од лизгање. Со поголемата прилепеност, моќноста на моторот подобро се пренесува на патот и со тоа се спречува вртење на предните и задните тркала во место. Simply clever погонот на сите тркала на ŠKODA безбедно Ве носи до Вашата дестинација низ големите градови и на Offroad експедициите.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА ЗА СИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

"Автомобил без погон на четири тркала може да биде само решение за во итен случај." (Валтер Рерл, возач на рели)

Пролет

  1. Стопениот снег во кривини со осојница нема да го вознемири возачот на 4x4.
  2. Подобро се чувствувате доколку настанат ненадејни зимски услови (при монтирани летни гуми) при евентуално неопходното кратко возење понатаму.
  3. Поради оштетувањата на патот, често потребни се маневри за избегнување: тука веднаш ќе Ви помогне 4x4.
  4. Неасфалтирани патишта во планините со нагорнини: тоа не е проблем за погонот на сите тркала. Идеално за стопанственици на планински и шумски објекти, ловци, рурални доктори, служби за достава итн.

Лето

  1. Монотоното возење по автопат ја намалува концентрацијата, поради градилиштето може да биде потребна брза промена на коловозната лента; 4x4 нуди поголема сигурност.
  2. Ненадејното невреме со аквапланинг на патот секогаш претставува предизвик. 4x4 помага во надминување на ситуацијата без оштетувања.
  3. Оној којшто често патува на Југот, ја познава опасноста од улици на коишто има влажна сол или улици со сол коишто се лизгаат - со 4x4 ќе останете во својата лента.
  4. Со 4x4 имате поголема безбедност при возење со приколка, а со тоа и постабилна композиција (повеќе тежина и прилепеност на задната оска, со тоа и минимизирана опасност од скршнување на приколката).

Есен

  1. Никому не му посакуваме неочекувано зимата да го начека со летни гуми. Поголема безбедност Ви дава 4x4.
  2. Се појави магла? Останете смирени и по потреба избегнувајте ги препреките. Со 4x4, ја имате контролата и врз оваа ситуација.
  3. Колку и да се убави шарените лисја на есента, тие се опасни на коловозот. Најмалку едно тркало има најголема прилепеност и ќе Ве извади од опасната ситуација.
  4. 4x4 нуди поголема безбедност и повеќе уживање при возењето при суви "спортски" услови на патот.

Зима

  1. Погонот на сите тркала нуди можност да се совладаат нагорнини (на пр. планина или помали домашни излези).
  2. 4x4 при зимски услови на патот и голомразица нуди поголема безбедност, дури и на рамен коловоз.
  3. Да се дојде на работа пред утринското чистење на снегот е незамисливо за лица со возила со преден погон. Со 4x4, Вие имате предност.
  4. Коловоз со снег и сообраќај отспротива: сопирањето на нагорнина и поаѓањето по маневар за избегнување воопшто не претставува проблем за погонот на сите тркала.

Откријте ги моделите 4x4.