Најмодерна технологија на погон на сите тркала
Со интелигентниот 4x4 погон на сите тркала, моделите на ŠKODA нудат стабилност и
прилепеност при најразлични услови.
Погонот на сите тркала со електронски регулираната ламелеста спојка реагира и на
најмалите измени во рок од милисекунди. Во нормални услови, возилото вози со преден
погон, но доколку има снег, мраз или нечистотија на коловозот, веднаш се активира
погонот на сите тркала.
Ламелестата спојка - електронски регулирана електро-хидраулична спојка за распределба на моментот - во SUPERB, KODIAQ, OCTAVIA и YETI овозможува погон на сите тркала. Постојаниот погон на сите тркала го распределува вртежниот момент на моторот на сите четири тркала зависно од возната ситуација.
Предности на 4x4 технологијата
4x4 реагира многу брзо и интелигентно. Контролен уред го пресметува идеалниот погонски момент за задната оска. Скоро се исклучува можноста за загуба на прилепеност поради управување зависно од условите во коишто се вози. Во лер или при помало оптоварување, погонот е на предната оска и со тоа се штеди гориво.
Што се крие зад тоа
Електронски регулираната ламелеста спојка се наоѓа директно на задната оска. Контролниот уред ги зема предвид сигналите од:
- Контролниот уред на моторот (број на вртежи на моторот и позиција на педалот за гас)
- Контролниот уред за ABS/ESP (сензори за број на вртежи на тркалата, прекинувач за стоп-светло и сензори за попречно и надолжно забрзување)
- Сензор за аголот под којшто е завртен управувачот.