Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

Smart Link

Паметен телефон на тркала

Поимот SmartLink е ознака за трите стандарди Apple CarPlay, Google Android Auto и MirrorLink™. SmartLink овозможува комфорно управување со одбрани апликации на паметниот телефон преку музичкиот систем / Infotainment системот во возилото, делумно и за време на возењето - по избор преку екран на допир, контролни елементи или со говорно управување.

SmartLink

Apple CarPlay

Најдоброто iPhone доживување на четири тркала

Со Apple CarPlay добивате паметна, побезбедна можност за користење на Вашиот iPhone во возилото - преку дисплејот на Infotainment системот.

 

Услови за функцијата

  • Мобилни телефони Apple верзија 5 и понови
  • Оперативен систем iOS 7.1 и понов
  • Активен говорен асистент Siri
  • Активни мобилни податоци

 

Оперативен систем

iOS 7.1 и понов

 

Компатибилни мобилни уреди

  • iPhone 5
  • iPhone 5c
  • iPhone 5s
  • iPhone 6
  • iPhone 6 Plus
  • iPhone 6s
  • iPhone 6s Plus

 

Основни функции

  • Повици
  • Пишување текстуални пораки
  • Уред за репродукција на медиуми
  • Навигација (Apple Maps)

Може да се ракува и со допирање на екранот на Infotainment, како и со помош на говорниот асистент Siri.

 

Поддршка

Apple CarPlay поддршка

Google Android Auto

Ракување со доверливи апликации на дисплејот

Со помош на Android Auto, со доверливите апликации може да ракувате на дисплејот на Вашиот Infotainment систем. На тој начин, за време на возењето потребните информации ќе ги добиете на побезбеден начин.


Услови за функцијата

  • Оперативен систем Android 5.0 и понов
  • Инсталирана апликација Android Auto
  • Активни мобилни податоци

 

Оперативен систем

Android 5.0 Lollipop

 

Компатибилни мобилни уреди

Паметни телефони со оперативен систем Android 5.0 Lollipop

 

Основни функции

  • Повици
  • Пишување текстуални пораки
  • Говорно управување
  • Уред за репродукција на медиуми
  • Google мапи

 

Поддршка

Apple CarPlay поддршка

MirrorLink™

Апликации што се прикажуваат на дисплејот

MirrorLinkTM овозможува приказ на Вашите апликации од компатибилни паметни телефони на информативниот дисплеј на Вашето возило и можност со нив од таму да се ракува.

 

Услови за функцијата

  • Оперативен систем Android 5.0 и понов
  • Инсталирана апликација Android Auto
  • Активни мобилни податоци

 

Оперативен систем

Android 5.0 Lollipop

 

Компатибилни мобилни уреди

Паметни телефони со MirrorLink стандард v.1.1. Apple не поддржува MirrorLink. 

Паметни телефони способни за MirrorLink

  

Основни функции

  • Повици
  • Пишување текстуални пораки
  • Говорно управување
  • Уред за репродукција на медиуми
  • Google мапи

 

Проверка на компатибилноста

Тука проверете ја компатибилноста на Вашиот паметен телефон со SmartLink.

Навигациски системи коишто поддржуваат SmartLink

Радио Bolero

Infotainment системот Bolero нуди нови функции. Штом го поврзете Вашиот мобилен телефон преку Bluetooth со Infotainment системот, преку екранот на допир во боја од 8" може да читате текстови, да пишувате и да праќате пораки.

Навигација Amundsen

Благодарение на брзите пресметки на рутите и на прецизниот приказ на Вашата делница GPS системот дава извонредни описи на патот до Вашата избрана цел. Со навигацискиот систем ракувате преку екран на допир во боја со димензија од 8".

Навигација Columbus

Infotainment системот нуди многу функции за конективност, навигација и забава. Со Infotainment системот ракувате преку екран на допир со 8" или со 9,2".

Најчесто поставувани прашања за Smart Link

Кон FAQs