Модели

Добро е да се знае

4x4 = 16 предности

  1. Повисок степен на комфор при возењето за динамични и спортски возачи.
  2. Поголемо уживање во секое годишно време и вон асфалтираните патишта.
  3. Зголемена безбедност за Вас и за сите патници.
  4. Со погонот на сите тркала, може да се избегнат некои опасни и ризични ситуации.
  5. Брза реакција на возилото на условите на патот при забрзување.
  6. Влажните лисја, чакалот, силниот дожд, голомразицата или снегот ја зголемуваат опасноста од лизгање. И при лоши временски услови или неповолни услови за возење, Вие безбедно ќе стигнете на дестинацијата.
  7. Нашите 4x4 возила се одлични и вон асфалтираните патишта.
  8. Подобрена стабилност при возењето - при возење во кривини, возилото е помалку склоно кон пресилно или преслабо управување. 
  9. Зголемената прилепеност подобро ја пренесува моќноста на моторот на патот.
  10. Употребената технологија на погон на сите тркала уште од 1999 година е основен елемент на ŠKODA 4x4 моделите.
  11. Заедничкото функционирање на електронски регулираната технологија на ламелеста спојка со ABS и ESC ја подобрува способноста за маневри на возилото во ситуации со гранични вредности.
  12. Со помеѓу 110 и 280 КС, може да се избере од повеќе мотори коишто може да се комбинираат со 4x4 погонот на сите тркала.
  13. Погонот на сите тркала посебен комфор при возењето им нуди на возачите коишто патуваат со приколка и тоа благодарение на подобрената стабилност на насоката.
  14. ŠKODA моделите со погон на сите тркала се наменети и за во големите градови и за Offroad експедиции. Погонот на сите тркала е активен само тогаш кога тој е потребен.
  15. ŠKODA OCTAVIA во првата половина од 2014 година беше најуспешниот модел на патничко моторно возило со погон на четири тркала во Австрија.
  16. ŠKODA се вбројува во најсилните брендови на патнички моторни возила со погон на сите тркала.
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете