Модели

Возете безбедно

o

Одлична безбедност на највисоко ниво

Една од главните цели при развојот на возилата Škoda, е на сите возачи и патници да им се понуди највисокото ниво на безбедност. Нашиот развој се концентрира пред сè на активната безбедност, чија цел е да се спречат незгоди и ситуации со висок ризик. Но, бидејќи со помош на активните безбедностите системи не можат целосно да се избегнат незгодите, дополнително се става акцент и на пасивните системи за безбедност. Тоа значи, способноста да се распредели делувањето на главното оптоварување и на тој начин да се заштитат патниците од повреди. Многу добриот квалитет и цврстата структура на каросеријата се грижат за безбедноста при сите видови на незгоди.

Асистент за одржување на коловозна лента

Системот за одржување коловозна лента предупредува од ненамерно напуштање на коловозната лента и со активен импулс на управувачот дејствува против несакано менување на коловозната лента. Системот е активен при брзини над 65 km/h и препознати ознаки на коловозната лента.

Преден радар вклучувајки асистент за сопирање во град

Системот за помош на предните тркала е безбедносен систем, којшто предупредува од судир што се заканува, и во случај на неизбежен судир ја притиска сопирачката за да се ублажат последиците.

Асистент за промена на коловозна лента

Системот за помош при менување на коловозната лента преку сензорите на радарот во задните браници ги набљудува мртвите агли зад и покрај возилото.

Асистент за предупредување на возачот од замор

За вашата безбедност, пред сè при долги ноќни возења, системот за препознавање умор врши надзор на деталните податоци на серво-управувачот при брзини повисоки од 65 km/h. Штом оваа функција ќе забележи однесување, кое би можело да биде знак на умор на возачот, како на пример поинтензивно коригирање на насоката со управувачот, таа препорачува пауза.

Проактивна заштита на патниците

Овој систем ја координира функцијата на одредени безбедносни системи во возилото, за да се намалат последиците од незгодата односно опасноста.

Асистент за помош при застој во сообраќајот

Системот за помош при застој се грижи за поголема безбедност и комфор при застои и во Stop-and-go сообраќајот.

Асистент за итни случаи

Системот за помош во итен случај интервенира, кога возачот станува неспособен за возење.

Сопирачка за повеќекратен судир

Ако возилото е вмешано во незгода и притоа се активираат  воздушните перничиња, возилото и во тие околности останува и понатаму во движење и може да предизвика последователна незгода. При испитувањата на безбедноста во патниот сообраќај се анализираат причините, околностите и одвивањата на различни ситуации на незгоди. Добиените заклучоци помагаат при развојот на активни и пасивни безбедносни функции на возилата на Škoda. Во тој случај се активира  сопирачката за повеќекратен судир  и го доведува возилото до состојба на мирување, за да не дојде до масовен судир.

Темпомат со автоматско регулирање на растојанието (ACC)

Уредот за регулирање на брзината проширен со автоматското регулирање на на растојанието (поле на функционирање меѓу 30 и 160 km/h) преку радарски сензор под предниот браник, ултразвучни сензори како и предна камера го регистрира сообраќајот пред Вас (до околу 200 m во насока на возењето).

Доколку растојанието на возилото пред Вас е премало во однос на брзината што е претходно поставена преку повеќефункцискиот управувач, системот за регулирање на растојанието автоматски го намалува темпото. Кога лентата повторно ќе се ослободи, возилото забрзува до претходно избраната брзина. Благодарение на функцијата Stopp&Go, ACC запира до целосна состојба на мирување и во рок од 3 секунди повторно тргнува, зависно од ситуацијата.

Систем за фарови од врвна класа се грижи за оптимална видливост и забележливост.

Од одлучувачко значење за безбедноста во патниот сообраќај е тоа, колку добро може да се види возилото. Bi-ксенонските фарови или LED-фаровите со AFS оптимално го осветлуваат патот и околината и притоа се прилагодуваат кон возните и временските услови, како и кон ситуацијата во сообраќајот.

AFS функција на автопатот

На автопатот, светлосниот сноп мора да има голем досег за соодветно да се осветлат коловозните ленти десно и лево. AFS функцијата постепено се префрлува од режим на регионални патишта кон режим за автопат. Значи, нема нагло менување на светлосниот сноп. Активен од 90 km/h.

AFS функција на регионални патишта

Ова поставување преминува од вообичаеното соборено светло на следното. Двата фара десно и лево се наоѓаат во стандардна позиција. Активен при 0-15 km/h и при 50-90 km/h.

AFS функција во кривини

Имајќи го предвид вртењето на управувачот и брзината на возилото, кривините подобро се осветлуваат, така што возачот може да реагира побрзо на неочекуваните препреки. Активен од 10 km/h.

AFS функција во помали населени места

За сообраќајот во помали населени места, светлосниот сноп се поставува пошироко и пократко отколку кај регионалните патишта. Се осветлува целата улица како и граничните тротоари. Активен од 15-50 km/h.

AFS функција за крстосници

Тесните кривини, пешачките премини во делот на крстосницата или местата за паркирање подобро се осветлуваат со помош на фаровите за магла со светло за кривини. Активен до 40 km/h.

Светло за свртување и кривини

Светло за свртување

Оптимално ја осветлува околината на возилото странично од -30 до +60 степени. Придобивките: поголема безбедност при паркирањето и вртењето. Овој режим се активира на до 40 km/h преку вртење на воланот или трепкачите. При магла, фаровите за магла работат сосема вообичаено.

Динамично светло за кривини

Веќе од 10 km/h фарот од внатрешната страна на кривината се спушта за до 15 степени, а фарот од надворешната страна за до 7,5 степени. На тој начин, додека се минуваат кривините, патот значително подобро се осветлува отколку со вообичаените фарови.

Динамичен систем за помош при долго светло

Систем за помош при динамично долго светло

Овој систем ја подобрува безбедноста во сите ситуации во сообраќајот преку оптимизирано осветлување на патот. 

Со динамичниот систем за помош при долго светло, долгото светло не се исклучува едноставно автоматски, туку по потреба "се маскира" во делот на возилото што доаѓа отспротива или што вози пред Вас. На тој начин, можете подолго да возите со долго светло, без да ги заслепувате возилата што доаѓаат од спротивната страна.

Систем за помош при долго светло

Системот за помош при долго светло автоматски го исклучува и вклучува долгото светло.

При темнина, повеќефункциската камера го препознава сообраќајот од спротивната страна и возилата пред Вас и автоматски го вклучува и исклучува долгото светло. 

Воздушни перничиња и заштита од удар

Дури до девет воздушни перничиња во возилата на Škoda заедно со автоматските три-етапни сигурносни појаси и сигурносните потпирачи за глава, ги штитат возачот и патниците од повреди.

Електронска контрола на стабилизирање (ESC)

Електронската контрола на стабилизирање (ESC) му помага на возачот повторно да ја преземе контролата врз своето возило, штом истото ќе се изврти. Контролниот уред тековно ги споредува податоците за однесувањето на возилото при возењето со актуелните вредности. Доколку тие вредности не се совпаѓаат, контролната единица дава наредба да се стабилизира возилото. Тогаш, меѓу другото, се активираат ABS и ASR и  спречуваат лизгање или блокирање на тркалата. Вртежниот момент на моторот се ограничува и  внатрешното задно тркало при преслабо управување  односно  надворешното предно тркало при пресилно управување се запира.

Анти-блокирачки систем (ABS)

ABS овозможува, возилото и при нагли маневри на сопирање да може да се управува. Возило со блокирани тркала не може да се управува ниту на лизгава подлога ниту на сув асфалт. Со помош на ABS, тркалата и понатаму се вртат, а силата при сопирање се редуцира на поединечни тркала. На тој начин, возачот може безбедно да ги заобиколи препреките.

Електронска блокада на диференцијалот (EDS)

На патиштата со разлина подлога, на пример снег на левата, а сув асфалт на десната страна, возачот може да ја искористи електронската блокада на диференцијалот. Системот работи заедно со сензорите на ABS, кои се монитрани на тркалата и постојано испраќаат податоци до електронската контролна единица. Доколку EDS препознае, дека едно тркало лизга, тој го прилагодува притисокот на сопирање, така што брзината на ова тркало се приспособува кон она што не се лизга. На тој начин, ова тркало одржува подобра тракција.

Други системи за помош

Контрола на притисокот во гуми

Системот за надзор на контролата во гумите го препознава губењето на притисокот, дури и кога тоа настапува истовремено кај сите четири гуми. Системот ја мери брзината на секое тркало и дополнително ги користи сензорите на ESC за забрзување и агол на управување. На тој начин можат да се споредат меморираните вредности со фактичката брзина на секое поединечно тркало. Системот работи преку целиот животен век на возилото без последователни трошоци.

Камера за помош при возење наназад

За уште поедноставно паркирање, Вашето возило можете да го опремите со визуелниот систем за помош при паркирање. Со камерата за возење наназад во задниот дел се контролира областа зад возилото и се прикажува совршениот начин за безбедно паркирање на саканото место за паркирање. Ширината на возилото исто така се зема предвид. Овој систем за помош се нуди во комбинација со аудио систем, којшто го претставува процесот на паркирање на дисплејот.

Електронска попречна блокада (XDS+)

XDS е проширување на познатата EDS-функција. Во секој случај, системот за помош не реагира на контролата на тракцијата, туку на намалувањето на оптоварувањето на предното тркало од внатрешната страна на кривината при брзо возење по кривини. Со тоа, се подобрува тракцијата и се намалува обидот за преслабото управување.

Преку хидрауликата на ESC, XDS реагира со притисок на тркалото во внатрешноста на кривината, На тој начин се намалува извртувањето, се подобрува тракцијата и се делува спротивно на обидот за преслабо управување.

XDS+ се базира на XDS системот, но спротивно на него реагира веќе од попречно забрзување од 0,15 g (XDS: 0,6 g).

Поголема вредност за возачот: Со едностраното, прецизно создавање притисок однесувањето на кривините е уште поправилно, а се зголемува и спортскиот карактер.

Други безбедносни функции

 ASR (Системот за регулирање на пролизгувањето) го спречува извртувањето на тркалата при тргнување и забрзување на лизгав коловоз.
  Системот за помош при сопирање му помага на возачот при вонредно сопирање со зголемување на притисокот за сопирање. На тој начин, патот на сопирањето може многу да се намали.
MSR (Системот за контрола на моторно сопирање) делува наспроти блокирањето на погонските тркала при сопирање на возилото на мазен коловоз.