Модели

Воздушни перничиња и заштита од удар

До девет воздушни перничиња

Дури до девет воздушни перничиња во возилата на Škoda заедно со   автоматските три-етапни сигурносни појаси и сигурносните потпирачи за глава, ги штитат возачот и патниците од повреди.

Воздушни перничиња и заштита од удар

Предни воздушни перничиња

Возачот е заштитен со предно воздушно перниче во управувачот. Воздушното перниче за совозачот се наоѓа во инструментната табла и може опционално да се деактивира.

Воздушни перничиња и заштита од удар

Воздушно перниче за колената на возачот

Воздушното перниче под управувачкиот столб ги штити колената и тибијата на возачот при преден судир.

Воздушни перничиња и заштита од удар

Странични воздушни перничиња напред

Монтираните странични воздушни перничиња ги штитат градниот кош и карлицата на возачот и совозачот при страничен судир.

Воздушни перничиња и заштита од удар

Воздушни перничиња назад

Исто така и патниците во задниот дел се подобро заштитени преку страничните воздушни перничиња.

Воздушни перничиња и заштита од удар

Воздушни завеси за глава

Активираните воздушни перничиња создаваат буфер, којшто ги штити како патниците во предниот дел, така и оние во задниот дел од повреди на главата.

Воздушни перничиња и заштита од удар

ISOFIX точки за прицврстување

ISOFIX точките за прицврстување на задните седишта се грижат за подобро прицврстување на детските седишта во возилото односно на каросеријата. Исто така и совозачкото седиште може да се опреми со Isofix точки за прицврстување. Дополнителните точки за прицврстување во багажниот простор можат да се користат за прицврстување на детски седишта со помош на TopTether системот.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна