Модели
Мени

ŠKODA FABIA Дизајн

Убава и функционална во исто време

Предните LED светла и даваат на новата FABIA фокусиран изглед. Заедно со впечатливата решетка на ладилникот и паметно обликуваната хауба, тие обезбедуваат успешна комбинација на рафинирана елеганција и привлечна динамика што ја прави новата FABIA многу импресивна. Активните отвори зад решетката придонесуваат за најдобар коефициент на воздушен отпор (0,28) во класата, така што посетите на бензинските пумпи ќе бидат поретки.

ŠKODA FABIA Дизајн

Доверлив профил

Динамичниот изглед на новата FABIA е нагласен со малку подигнатата линија на прозорците одзади и контрастно наведната линија на покривот кон предниот дел. Торнадо линијата се протега низ целата страна на возилото и продолжува од фаровите до задните светла - што претставува вистински заштитен знак на ŠKODA. Овие безвременски детали уште еднаш докажуваат дека убавината лежи во едноставноста.

ŠKODA FABIA Дизајн

Непогрешлив заден дел

На задниот дел на возилото доминираат високите задни светла кои се протегаат на страните на каросеријата и непогрешливиот натпис - ŠKODA.

ŠKODA FABIA Дизајн

Свет полн со бои

Изразете го вашиот карактер. Изберете од палетата на бои специјално создадена за новата FABIA и одлучете се за "Color Concept". Така можете да го дизајнирате покривот и надворешните ретровизори во различна боја. Дали претпочитате Црна "Magic" со бисерен ефект или "Graphite" Сива металик боја?

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна