Модели

Škoda Enyaq Технологија

Виртуелен кокпит

Во Škoda Enyaq  инструментната табла е секогаш дизајнирана како дигитален кокпит. Тука станува збор за 5,3-инчен дигитален дисплеј во боја со следните распореди на екранот: основен, навигација, системи за помош и екран "збогум". Може менувате помеѓу поединечните распореди преку копче на управувачот.

Škoda Enyaq Технологија

Телефонска кутија со функција за индукциско полнење

Телефонската кутија е преграда за сместување на вашиот мобилен телефон во централната конзола и овозможува стабилна телефонска врска дури и кога сигналот е слаб. Со телефонската кутија може да го полните вашиот паметен телефон користејќи го безжичниот стандард Qi.

Škoda Enyaq Технологија

USB-C приклучоци и приклучница за напојување

Добра вест! Отсега па натаму, карањето за USB приклучоците и приклучниците за напојување се дел од минатото. Тоа е затоа што нема недостиг од такви приклучоци во Škoda Enyaq. Патниците на задните седишта имаат пристап до два USB-C приклучоци и приклучница за напојување од 230 V.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна