Багажниот простор на Škoda Enyaq Coupé
Променлив под на багажникот
Практичниот променлив под на багажникот со простор за складирање под подот ќе ви помогне да го одржувате вашиот багажен простор уреден. Дали имате додатоци во вашиот автомобил што сакате да ги носите со себе каде и да патувате, но ретко ги користите? Просторот за складирање под подот е идеално решение за нив
Багажниот простор на Škoda Enyaq Coupé
Торба за складирање на кабли
Торба за складирање кабли е идеална за носење и ракување со кабел за полнење. Чантата совршено се вклопува во вдлабнатината во страничниот дел на багажниот простор, така што кабелот е секогаш при рака без да зафаќа простор во главниот дел од багажникот.
Багажниот простор на Škoda Enyaq Coupé
Елементи за прицврстување
Во типичен стил на Škoda, багажниот простор на Škoda Enyaq Coupé нуди исклучително практични детали. Со елементите за прицврстување, предметите може безбедно да се сместат во багажниот простор. Едноставно турнете ги кутиите или торбите за пазарење помеѓу елементите - и ништо нема да се мрда наваму-натаму. Доколку не се користат, елементите за прицврстување се склопуваат и се сместуваат странично во багажниот простор.
Багажниот простор на Škoda Enyaq Coupé
Куки за торби во багажниот простор
Разновидноста и варијабилната употреба на багажниот простор во Enyaq Coupé постојат исто така благодарение на робусните, странично лоцирани куки. Тие се користат за закачување предмети или парчиња багаж кои инаку би биле нестабилни или за кои нема место на подот за товарење.
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна