Зошто сервис во Вашата сервисна работилница на ŠKODA?
Да се вози ŠKODA значи да се патува безбедно и комфорно. Значаен фактор за овозможувањето на безбедноста на Вашата ŠKODA и за задржувањето на вредноста е сервисот во Вашата ŠKODA сервисна работилница.
Предности:
- Вработени со одлични стручни познавања и долгогодишно искуство
- Употреба на специјални ŠKODA алатки и мерни уреди
- Со нас ги задржувате сите гаранции на производителот
- Бесплатно продолжување на ŠKODA гаранцијата за мобилност плус при сервисот
- Употреба на ŠKODA оригинални делови
- Или ŠKODA оригинални делови за замена
- Поправки за целата палета модели по актуелни цени
- ŠKODA оригинални додатоци
Редовниот сервис не е добар само за Вашата ŠKODA, туку и за Вашата мобилност.
За да избегнете непредвидени трошоци, Вашиот ŠKODA сервис однапред ќе Ви каже што и
колку ќе чини.
Враќање стари возила
Без исклучок, сите австриски салони на ŠKODA бесплатно ќе ја земат Вашата стара ŠKODA доколку возилото е целосно и не недостасуваат важни делови како мотор, катализатор или каросерија или во старото возило не бил фрлан отпад.
При купување ново или користено возило, Вашата стара ŠKODA исто така може бесплатно да ја вратите.
Во сите други случаи, Вашиот ŠKODA салон со задоволство ќе Ви направи фер и поволна понуда за враќање на возилото.
Подетални информации:
-
Избегнете. Рециклирајте. Правилно исфрлете.
Суровините и енергијата на Земјата се ограничени. Поради тоа, нивната штедлива употреба е веќе позната цел на ŠKODA: започнувајќи од производството на ŠKODA, преку оптимизацијата во австриските сервиси на ŠKODA, па се до правилното исфрлање на старите возила и делови. -
Конструкција на возила и делови, којашто овозможува рециклирање .
Целосно поцинкуваните каросерии со долгогодишна гаранција за дупки од корозија го продолжуваат животниот век на возилото и на тој начин штедат ресурси. Исто како и употребата на цврстите плочи за намалување на тежината и намерната употреба на водени лакови. -
Повторно употребување и рециклирање на деловите .
Агрегатите и деловите од користените возила што се вратени од клиентите се преработуваат доколку тоа е можно и исплатливо од економски аспект. -
Еколошко третирање на старите возила - намалување на отпадот.
За оптимално и еколошко третирање на старите возила, ŠKODA во Австрија создаде мрежа на фирми за рециклирање.
Вашиот ŠKODA сервис со задоволство ќе Ве информира за деталите околу враќањето стари возила!