Уште од своето деби во 2009 година, Škoda YETI се грижи за угледот во неговата класа. Праволиниски претставник на својот сегмент, теренско возило со карактер. Со двете нови варијанти - YETI и YETI OUTDOOR - овој Allrounder уште повеќе ги истакнува сестраноста и самостојноста на својот карактер.
Во сегментот на компактни возила, Škoda ја проширува својата палета на модели меѓу Fabia и Octavia со новиот Rapid SPACEBACK. Со тоа, Škoda за првпат нуди автомобил, којшто ги поврзува добрите и практичните квалитети на Škoda со големината и обликот на едно компактно возило.
Новата Škoda Octavia RS ја прослави на 10. јули својата светска премиера на Goodwood Festival of Speed. Никогаш досега Octavia RS не била толку брза и динамична. Octavia RS истовремено нуди највисоко ниво на функционалност, многу простор, врвна безбедност и уште цела низа најсовремени системи за помош. Онаму каде што се обединуваат страста за коњски сили и желбата за многу простор.
На саемот за автомобили во Шангај, новата Škoda Superb ја прослави својата премиера. Со новиот дизајн, лимузината и комбито покажуваат суверен настап и долгорочно го докажуваат своето реноме како знаменосци на марката. Притоа, исклучителниот комфор не остава неостварени желби за Вашите планови во багажниот простор.
Лукавата Fabia, практичната Fabia Combi како и пространиот ROOMSTER напролет ќе ги возите со новото лого на Škoda. . Обемната основна опрема Active е збогатена со новата програма на понуди со уште повеќе дополнителни перформанси на опремите, како клима-уред, борд компјутер, пакет на функции и многу повеќе.
Третата генерација на серијата на Octavia го слави своето воведување на пазарот. Најуспешниот модел на Škoda е уште поиновативен, поосмислен и посовршен од досега. Со новите системи за помош и Infotainment, како и со Simply Clever решенијата, Octavia го олеснува Вашето секојдневие. Поради тоа, таа нуди исклучително многу простор - за сè и секого.
Škoda Rapid поставува нови стандарди во својот сегмент, убедува со многу простор, впечатлив нов дизајн, исклучителен сооднос на цена наспроти перформанси и многу повеќе. Со атрактивните детали на опремата, патувањето веќе се претвора во одмор. Едноставно повеќе задоволство при возењето на динамичните тури со со новата Škoda Rapid.
Škoda CITIGO се врборјува кон најкомпактните и истовремено најпространите претставници на својата класа. Убедливи се и неговите simply clever решенија, како држачот за билети и торби, мрежната програма и многуте прегради. Во поглед на безбедноста CITIGO освои ѕвезди - 5 ѕвезди на креш тестот Euro-NCAP. Откријте го светот со новата Škoda CITIGO.