Издржливи комерцијални возила со голем капацитет за транспорт, со комфор на патничко возило и исклучителен сооднос на цената наспроти перформансите - Škoda во оваа област постојано поставува впечатливи акценти. Praktik, спореден со Roomster, во ништо не заостанува во поглед на овие карактеристики.
На саемот за автомобили во Женева, Škoda ја презентира рели студијата S2000 врз основа на новата Fabia. На тој начин, компанијата се насочува кон иднината на рели спортот и ја продолжува својата традиција за мотоспортот, која трае веќе повеќе од 100 години.
Škoda во движење: Octavia Scout со погон 4x4 и Lifestyle-MPV Roomster Scout се исклучително популарни.
Бестселерот оди во втората генерација. Првите оцени за Fabia II од стручниот печат и од публиката ја потврдуваат понудата на простор, стилскиот визуелен настап и даваат пофалби за големиот број технолошки новитети и паметни детали.
Паметниот MPV Roomster преминува во сериското производство и за марката Škoda претставува чекор напред кон нов сегмент на пазарот. Со иновативните Varioflex системи за седење, Roomster поставува нови стандарди. Дизајнот ја нагласува функционалната разделеност во динамичната "Driving Room" напред и комфорната "Living Room" во задниот дел.
Новата Octavia RS поставува врвни акценти - јачина на мотор од 200 КС и максимална брзина од 240 km/h се податоците за најмоќната и најбрзата Škoda, којашто досега произлегла од сериското производство.
Škoda одново го докажува својот иновативен потенцијал и покажува како ќе се развива марката и во иднина. Тимот на дизајнери впечатливо демонстрира како едно мало Sport Utility Vehicle (SUV) може да изгледа од аспект на Škoda: Yeti е визијата за едно енормно функционално и исклучително компактно теренско возило (SUV).
Новата Octavia Combi привлекува внимание не само со својата натпросечно висока корисна вредност, туку во иста мера и со своето впечатливо обликување на линиите. Octavia Combi се надоврзува на досегашниот модел со својата пространа и сестрана каросерија.