Модели

Паметно штедење гориво

o

Совети за заштеда на гориво

Стартувајте и веднаш тргнете
Ставете го појасот, наместете ги ретровизорите, изберете радио програма и тргнете. На секој мотор му е потребно повеќе гориво додека е ладен. Поради тоа, не оптоварувајте го многу моторот додека ја постигне работната температура. Тоа ги заштитува околината и паричникот.

Брзо префрлувајте во повисок степен - намалете го бројот на вртежи на моторот
Избегнувајте непотребно висок број вртежи бидејќи тие чинат гориво и го зголемуваат абењето. И при забрзување може да се заштеди гориво доколку се избере степен којшто најдобро го користи опсегот на број на вртежи на возилото. Во упатството за користење на Вашата Škoda, ќе дознаете кој опсег е тој.

Технички беспрекорна состојба = помала потрошувачка на гориво
Извалканиот филтер за воздух, старите свеќички за палење или дефектната електрика ја намалуваат моќноста на моторот и многу ја зголемуваат потрошувачката. Кај дизел моторите, изместените пумпи за вбризгување или изабените дизни за вбризгување предизвикуваат поголема потрошувачка на гориво. 

Се исплати да "се вклопувате" во текот на сообраќајот
Особено во градскиот сообраќај, се бара "антиципативно" возење - без големи забрзувања. Избегнувајте Stop and Go. 2 до 3 секунди растојание овозможува оптимален стил на возење.

Полесно не може ни да биде - не возете со себе непотребен товар
Кровна кутија, носачи на скии, гуми или ланци за снег во автомобилот - тргнете го сето тоа доколку повеќе не Ви е потребно.

Вака ќе стигнете подалеку: почесто проверувајте го притисокот во гумите
Пренискиот притисок предизвикува побрзо абење на гумите и ја зголемува потрошувачката на гориво. Важно: притисокот не смее да биде повисок од оној препорачан од страна на производителот при полно оптоварување (види упатство на капакот на резервоарот односно во упатството за употреба на Вашето возило), за да се обезбеди безбедно возење и оптимално сопирање.

Клима уред
Клима уредот, греењето на седиштата и греењето во мирување треба да се вклучуваат доколку се потребни за време на возењето. Уредите треба да се исклучат доколку повеќе не се потребни.