Акции
Verschiedene Škoda Modelle in einer Werkstatt
Verschiedene Škoda Modelle in einer Werkstatt

Škoda превентивна сервисна акција

Дали вашата Škoda е опфатена?

Loading...

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Škoda започнува со превентивна сервисна акција за одредени возила од моделските серии Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq.

Акцијата се однесува на одредени возила од моделските серии, произведени од 2015 до 2024 година и со специфична комбинација на компоненти. Опфатот на возилата се утврдува прецизно според идентификацискиот број на возилото (VIN), поради што не се однесува на сите возила од наведените моделски серии.

При интерните проверки на квалитетот е утврдено дека, под одредени зимски услови и по долгогодишна изложеност на сол од патиштата, кај прицврстувачката завртка во управувачкиот систем може да се појави корозија. Доколку корозијата напредува, во изолирани случаи може да дојде до нарушување на цврстината, што потенцијално би можело да влијае врз функцијата на управувањето.

Станува збор за сценарио со исклучително мала веројатност на појава, особено во услови карактеристични за нашето поднебје.Сепак, согласно највисоките стандарди на Škoda за безбедност и квалитет, производителот презема превентивни мерки и ги повикува сопствениците на опфатените возила да ја извршат потребната сервисна интервенција.

До денес нема ниту една пријава за повреди на лица или предизвикана материјална штета поврзани со ова прашање.

Како дел од сервисната акција, кај опфатените возила прицврстувачката завртка ќе биде заменета со подобрена, специјално заштитена компонента со повисока отпорност на корозија. Целокупната интервенција ќе трае најмногу половина час и ќе биде извршена без никаков трошок за сопствениците на возилата во овластените Škoda сервисни центри.

Проверете дали вашето возило е засегнато со внесување на бројот на шасија:

Пронајдете Škoda сервисен партнер: Škoda партнери - Советување & купување

Сопствениците на возилата опфатени со сервисната акција ќе бидат писмено известени од страна на овластените Škoda сервисни партнери, штом официјално започне сервисната акција. Во известувањето ќе бидат наведени сите потребни информации за понатамошното постапување и реализација на сервисната интервенција.

Škoda Auto и Porsche Macedonia остануваат посветени на највисоките стандарди за безбедност и квалитет и на навремено преземање на сите потребни превентивни мерки во интерес на своите клиенти.

VIN бројот можете да го пронајдете на возачката страна на ветробранското стакло или во сообраќајната дозвола.