Со концептот VISION E, Škoda го дава првиот поглед во иднината на индивидуалната мобилност специфична за брендот. Емотивно конципираното SUV Coupé со пет врати може да помине до 500 km само на електричен погон и ги исполнува барањата од ниво 3 за автономно возење.
Со моќност на системот од 225 kW, Škoda VISION E забрзува веднаш и тоа на динамичен начин. Максималната брзина изнесува 180 km/h. Моќните литиум-јонски батерии и оптималната рекуперација овозможуваат досег од најмногу 500 км. Благодарение на интелигентното управување, двата електрични мотори работат заедно со максимална ефикасност и овозможуваат погон на Škoda VISION E преку сите четири тркала. Предниот и задниот погон се соодветно приспособени за во секое време да има највисок степен на стабилност и да се осигураат динамиката и безбедноста.