Модели

Патуваме со Škoda Нашите модели низ убавините на Македонија.

o

Авантурите започнуваат од првиот километар, приказните се создаваат со најблиските луѓе. Од градскиот метеж, до највисоките планински предели, покрај убавините на нашите езера.

Ве покануваме да се придружите на нашите патувања со урбаната Scala, удобната Octavia и моќниот Kodiaq.

Патуваме со Škoda.

Škoda Scala во урбаната џунгла на главниот град.

Како што начинот на живот го создава и дефинира Вашиот стил, така новата Scala перфектно се вклопува во урбаната џунгла. Практичните елементи и димензија, комфорот и прегледноста, како и високото ниво на технологија ги поставуваат параметрите на идеалното возило во секојдневието. Дизајн кој се разликува, останува секогаш забележан.

Škoda Octavia на Охридското крајбрежје

Сите семејни доживувања започнуваат со Octavia. Спакувајте сѐ што е потребно и семејната авантура може да започне.

Безкомпромисна практичност и удобност во возењето на сите патници ги прави сите патувања до Вашите омилени викенд прибежишта извонредно пријатни.

Патуваме со новата Octavia. 

Škoda Kodiaq низ планиските предели.

 Патувањата до посакуваните дестинации со моќниот Kodiaq се едноставно достижни за Вас и целото семејство.

Врвната практичност во комбинација со напредната технологија, ги прават и најнедостижните места лесно достапни.

Во боите на есента - патуваме со Kodiaq.