Модели

Škoda Karoq Новиот Škoda SUV

o

Škoda Karoq – следниот Q

Серијата на SUV модели на Škoda добива принова. Новиот SUV на Škoda се вика Karoq. Со името на новиот компактен SUV, Škoda го продолжува стилот на Škoda Kodiaq и на тој начин создава унифицирана номенклатура за постоечките и идните SUV модели. Škoda Karoq неговата светска премиера ќе ја има на 18 мај 2017 година во Стокхолм.

Неодамна се одржа Covered Drive на Škoda Karoq. Тука ќе ги најдете сликите од првото возење на новиот SUV модел на Škoda.

Škoda Karoq

Надворешниот изглед

По надворешната форма, и изменетите линии и по поголемите димензии може да се препознае дека пред Вас стои едно сосема ново возило. Емотивниот и динамичниот дизајн со бројните кристални елементи е целосно во знак на стилските елементи на новиот SUV на Škoda. И за новиот Karoq повторно има обемна понуда на системи за помош на возачот.

Потекло на името

Инспирацијата за името на Škoda Karoq доаѓа , исто како и кај Škoda Kodiaq , од жителите на островот Кодијак. Далечниот архипелаг пред јужното крајбрежје на Алјаска е сместен на 57-от степен географска ширина и 153-от степен географска должина и фасцинира со неговата дива, недопрена природа. Тамошните староседелци од племето Алутик автомобилите на нивниот јазик ги нарекуваат "KAA'RAQ". Поимот "RUQ" го користат за да означат стрела, којашто пак претставува централен елемент во логото на Škoda и ја потенцира динамиката на брендот. Од моќната комбинација на двата збора, следствено настана името на новиот компактен SUV на Škoda - Škoda Karoq.    

Инспирација за името