Модели

#MADEFORAUSTRIA

o

Таков е тој, Австриец.

Благодариме за учеството во нашата наградна игра #madeforaustria. Победникот беше објавен на 12 декември 2016 година на Инстаграм.

Тука се сите фотографии од Инстаграм со хаштагот #madeforaustria

    Сите други информации за наградната игра ќе ги пронајдете во нашите услови за учество:

    Наградната игра ја спроведува Porsche Austria GmbH & Co OG. Со вчитување на фотографии од конкурсот #madeforaustria, ги прифаќате следните услови за учество:

    Право на учество имаат само лица коишто на почетокот на наградната игра заклучно со 10 септември 2016 веќе наполниле 18 години. Во извлеувањето не може да учествуваат лица коишто се вработени во австриската Škoda организација, како и членови на нивните семејства. Учеството во наградната игра е бесплатно, доброволно и не е поврзано со никаква обрска за купување. За учеството во наградната игра да биде валидно, учесниците мора да ја следат Škoda Австрија на Инстаграм (http://www.instagram.com/skodaat). Во наградната игра може да се учествува исклучиво од 10 септември до заклучно 30 ноември 2016 година.

    За учество во наградната игра, потребно е следното:
    • Учесникот ја следи @skodaat на Инстаграм
    • Учесникот постира фотографија и постот го означува со @skodaat и #madeforaustria
    Само јавните постови може да учествуваат во наградната игра. Најдобрите и најкреативните постови ќе бидат споделени на Инстаграм профилот на Škoda Австрија. Škoda Австрија смее да ги користи фотографиите доставени од учесниците во рамки на кампањата #madeforaustria со наведување на корисничкото име.
    Porsche Austria GmbH & Co OG го задржува правото да дисквалификува поединечни учесници од наградната игра доколку за тоа постојат оправдани причини, како на пр. непочитување на условите за учество, влијаеење врз конкурентните, манипулација итн.. Покрај тоа, дисквалификувани ќе бидат учесниците што постираат фотографии и коментари со религиозна, сексуална, расистичка и на друг начин дискриминирачка содржина.

    Од сите постови, жири составено од експерти ќе одбере победник. Идентификацијата на победникот не се врши во јавност. Соопштувањето на победникот се врши во рок од 5 работни дена по завршувањето на наградната игра преку директна порака на Инстаграм. Освен таа порака, нема да се праќаат други пораки . Правото на наградата се стекнува исклучиво со примањето на писменото известување за победникот. Доколку победникот не одговори во овој рок, победата пропаѓа и ќе биде избран нов победник. Учесниците изјавуваат дека во случај на победа се согласни со објавувањето на нивните име и фотографија и со дополнителната обработка на нивните лични податоци во рамки на организацијата на Škoda.
    Победникот добива камера од типот Sony Alpha 7 (Sony alpha 7RM2 куќиште и Sony SEL 24-70mm 4,0 ZA OSS во вредност од 4.200,- евра) со работилница во времетраење од 3 часа. Работилницата се одржува во Линц или во Салцбург. Патувањето до локацијата на работилницата нема да биде преземено од Porsche Austria GmbH & Co OG. Наведената награда се дава еднократно, во рамки на цела Австрија . Се исклучува можноста за правни процеси и замена на наградата за готовина.

    Оваа наградна игра не е поврзана со Инстаграм и не е на ниеден начин спонзорирана, поддржана или огранизирана од Инстаграм. Сите прашања, коментари и поплаки за наградната игра треба да се доставуваат исклучиво до Porsche Austria GmbH & Co OG, а не до Инстаграм.

    Porsche Austria GmbH & Co OG го задржува правото да ја прекине или заврши наградната игра во секое време, без претходна најава и без наведување на причините . Оваа можност Porsche Austria GmbH & Co OG може да ја употреби особено тогаш кога поради технички причини или поради други причини не може да се овозможи соодветното спроведување на наградната игра.

    Во случај на непочитување на условите за учество, Porsche Austria GmbH & Co OG го задржува правото веднаш да дисквалификува лица од наградната игра . Учеството завршува на 30 ноември 2016 год.