Модели

2009 - Новиот Superb Combi.

Кон успешната втора генерација на топ моделите на Škoda сега се приклучува и верзијата Combi. Новиот Superb Combi нуди комфор од висока класа, исклучителна понуда на простор и безвременски елегантна изведба на линиите.

2009 - Fabia Scout.

Исто така и Fabia Combi уште веднаш се претстави себеси во Offroad изглед и на тој начин го комплетира Scout семејството.

2009 - Новиот Yeti. Навистина постои.

Yeti ја прославува својата светска премиера во Женева и сосема брзо остава многу позитивни впечатоци кај печатот. Новиот Yeti, како еден компактен и симпатичен уметник за преобразување, за кратко време ги освојува срцата на австријците со многубројните паметни детали и технолошки финеси.

2009 - Успешен влез во релито за Fabia S 2000.

Со Fabia Super 2000, Škoda се враќа на тркачките писти во светот. Веќе во првата тркачка сезона се постигнуваат сензационални успеси: овој биланс за гордеење опфаќа повеќе најдобри времиња и победи, како што е второто место во оценување на марката на IRC, неколку победи во N групата од трките за светски првак и австриската титула за државен првак во рели.

2008 - Новата Octavia - Динамична. Подобра. Поповолна.

На саемот за автомобили во Париз се претстави новата генерација на успешната Octavia. Со динамичниот преден дел и новите перформанси на опремата, Octavia и понатаму освојува со својата самостојност и индивидуален карактер.

2008 - Новиот Superb.

Втората генерација на топ моделот на Škoda ја прослави својата светска премиера на саемот за автомобили во Женева. Superb II воодушеви со индивидуалната изведба на линиите, комфорната понуда на простор и иновативните технолошки детали, како што е двојниот отвор за задната врата TwinDoor. Тој добива многубројни награди, меѓу кои - како прв модел на Škoda - и "Големата автомобилска награда на Австрија".

 

2008 - Škoda GreenLine.

Со програмата на модели GreenLine, марката Škoda го докажува своето високо ниво на компетентност во однос на животната средина. Fabia и Fabia Combi GreenLine се првите претставници на новата еколошка линија.

2008 - Fabia Combi II.

Точно една година по воведувањето на втората генерација Fabia Hatchback на пазарот, на стартната позиција доаѓа и "поголемиот брат" Fabia Combi како ново издание. Со уште поголема понуда на простор, освежен дизајн и највисоко ниво на комфор,  тој се надоврзува на успесите на своите претходници.