Модели

Enyaq

Откријте нови можности!

Škoda Enyaq носи нова енергија во секојдневниот живот.

Импресивно: јасни линии и анимирани трепкачи.

Иновативна и волшебна: предна решетка со LED кристали.

Внатрешноста на Enyaq се фокусира на елеганција и јасни линии.

Пространиот простор и висококвалитетните седишта гарантираат удобност.

При патувањето во Škoda Enyaq, уживаат и патниците на задните седишта.

Стилски и самоуверен

Škoda Enyaq е новиот стилски и самоуверен изглед. Со својот познат, но иновативен и впечатлив дизајн, Enyaq беспрекорно се вклопува во оваа традиција. Неговите елегантни пропорции оставаат впечаток на простораност во внатрешноста.

Врвен електричен SUV

Уште со CITIGOe, веќе се докажа дека електричната мобилност може да биде забавна. Со новиот Enyaq сакаме да ја прошириме нашата палета производи. Ова SUV возило се базира на модуларна платформа развиена специјално за електрични возила и нуди најсовремена технологија, функции за брзо полнење на батеријата и голем досег.

Висококвалитетен и просторен

Редизајнираната внатрешност ја нагласува пространоста на Enyaq, вклучувајќи го големиот багажен простор типичен за Škoda. Висококвалитетната изработка и бројните практични прегради за складирање обезбедуваат висок степен на комфор. Апсолутна врвна карактеристика сепак се еколошките материјали на возилото.

Интелигентен, иновативен, интуитивен

Škoda Enyaq не само што нуди нов внатрешен концепт, туку и голем избор на интелигентни и иновативни решенија кои се во голема мера интуитивни за користење. Тука спаѓаат серискиот виртуелен кокпит, многуте опции за поврзување и внатрешното LED осветлување.

Simply Clever технологија

Travel Assist - системот за помош при патување презема сегменти од управувањето со возилото за да ви го олесни возењето и набљудувањето на сообраќајот.
Првокласни системи за помош за безбедно патување.
Иновативното LED осветлување нуди подобри перформанси, троши помалку енергија и има нови безбедносни функции.
Не грижете се повеќе за паркирањето - благодарение на системите за помош за паркирање, вашето возило може да се смести и во најтесниот простор.

Секогаш онлајн додека патувате

Инфо-забавните системи од новата генерација со вградена SIM-картичка нудат практични функции, како што се информациите за сообраќајот или WLAN врска за мобилните уреди на сопатниците.

Дизајнерски пакети

Возилото е достапно во неколку дизајнерски пакети, секој со различни елементи. Секоја варијанта на ентериерот е инспирирана од вашиот животен стил, комфорот и удобноста на вашата дневна соба. Нашите најдобри дизајнери на ентериер внимателно го одбраа секој детаљ од дизајнерските пакети за во возилото да создадат атмосфера како во дневната соба во која навистина ќе се чувствувате како дома. Седишта, инструментна табла, потпирач за раце, централна конзола, вметоци на врати, украсни панели, осветлување и патосници: поединечните дизајнерски елементи на секој дизајнерски пакет се рефлектираат низ целата внатрешност.

Loft

Дизајнерскиот пакет Loft нуди модерен, но пријатен ентериер. Елегантната и безвременска комбинација на сиво и црно создава хармонично чувство. Семејствата со деца ќе ја ценат издржливоста на материјалот, кој е и лесен за одржување.

Lodge

Концептот на мобилност и одржливост на иднината силно се рефлектира во дизајнерскиот пакет Lodge. Природата се движи со вас. Меките материјали и светлите бои го прават ентериерот удобен, привлечен и создаваат пријатна атмосфера при секое патување.

Lounge

Дизајнерскиот пакет Lounge ги истакнува карактеристиките на иновативното електрично возило. Добро осмислениот ентериер со висококвалитетни материјали се комбинира со естетски, модерен изглед со фокус на ексклузивни детали.

Suite

Уживајте во допирот на луксуз со дизајнерскиот пакет Suite. Внатрешноста, која што е опремена со ексклузивни материјали и со која доминира меката кожа, ве опкружува со највисоко ниво на удобност и хармонија.

ecoSuite

Стилскиот и добро осмислен дизајнерски пакет ecoSuite ги исполнува дури и највисоките стандарди за комфор и еколошки решенија. Обложен е со уникатна маслиново-фарбана кожа во боја на коњак со контрастни детали во каменесто беж боја. Наместо хемикалии, за време на боењето се користи екстракт од листови од маслинки, што го прави производството поеколошко. Ова особено ќе го ценат оние чија животна филозофија ги вклучува принципите на одржлив развој.

Безбедност без компромис

Škoda Enyaq ги доби првите пет ѕвезди на Euro-NCAP-Crashtest и исто така го освои првото место во својата класа.