Модели

Škoda Enyaq конективност

Револуционерни инфо-забавни системи

Новиот Škoda Enyaq е опремен со инфо-забавен систем со лизгачки регулатор на допир. Со овој регулатор може да ја промените јачината на звукот на музиката, да го зголемите или намалите приказот на навигациската мапа или да ја регулирате температурата поставена на клима-уредот. Со SmartLink, апликациите за паметните телефони може да се користат и контролираат преку дисплејот на инфо-забавниот систем. Škoda Connect содржи низа онлајн услуги, вклучувајќи итен повик, ажурирања на софтверот и пристап од далечина до основните функции за електрични возила.

Škoda Enyaq конективност

Škoda Connect

Škoda Connect нуди онлајн услуги за навигација и информации, вклучувајќи информации за сообраќајот и опција за далечинско управување со избраните функции на возилото преку паметен телефон. Итниот повик е составен дел од оваа функција и автоматски воспоставува контакт со службите за итни случаи во случај на незгода.

Škoda Enyaq конективност

Пристап од далечина: онлајн климатизација

Преку пристапот од далечина, функција на Škoda Connect, може да ја вклучите вентилацијата на внатрешниот простор уште пред да почнете да возите. Ова е особено корисно во топлите летни денови бидејќи овозможува пред да влезете да се намали внатрешната температура на автомобилот паркиран на сонце.

Škoda Enyaq iV Konnektivität

Говорно управување

Благодарение на говорниот асистент "Лаура", вашиот автомобил буквално ќе го слуша секој ваш збор. Прецизните наредби се минато. Сега можете да го контролирате вашиот автомобил со "Laura" "Laura" ќе ви помогне да управувате со навигацијата, репродукцијата на медиуми, инфо-забавниот систем, климатизацијата или текстуалните пораки за да можете подобро да се концентрирате на возењето.

Škoda Enyaq конективност

До четири USB приклучоци

Новиот Enyaq сериски располага со два модерни, осветлени USB-C приклучоци за пренос на податоци и полнење мобилни уреди. Опционално може да се додадат два дополнителни USB-C приклучоци, како и приклучок од 230 V, така што патниците на задните седишта ќе може да ги полнат нивните уреди.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна