Модели

Заштита на податоци

Заштитата на Вашата приватна сфера при користењето на нашите веб-страници за нас е многу важна. Поради тоа, подолу темелно Ве информираме за собирањето на лични и анонимни податоци.

Собирање и обработка на анонимни податоци

Личните податоци се меморираат доколку вие лично ни ги оставите на располагање - на пр. регистрација при прашалник, наградна игра или пријавување на Билтен - или ни дадете одобрение за нивна обработка. Доколку за користење на некои од понудените услуги се бараат од вас вашите лични податоци, исклучено е нивно надополнување со податоци од протоколите преку IP-adrese со цел формирање на кориснички профил. Имајќи во предвид дека дозволата за користењето на вашите податоци во претходно наведените цели може да опфати и пренесување на вашите податоци на партнерите на Skoda (трговци, сервис), финансиските институции за давање на услуги (Porsche Leasing), односно институтите за истражување на јавното мнение кое вие сте го одбрале, тогаш вашите податоци можат да бидат пренесени до тие институции. Понатаму, нивното пренесување на трети лица како што се адресари и рекламни агенции не се извршува.

Собирање и обработка на анонимни податоци

На оваа веб-локација се користи софтвер за анализа на користењето. Со проценката на овие податоци може да се добијат вредни сознанија за потребите на корисниците. Овие сознанија придонесуваат за уште поголемо подобрување на квалитетот на понудата. Всушност за секое повикување неограничено се меморираат следните податоци:

  • Анонимна форма на IP-адресата на компјутерот што повикува
  • Датум и час на повикувањето односно барањето
  • Назив на побараната страница односно датотека
  • Напомена од која страница се повикиува оваа страница
  • Пребарувачот на корисникот заедно со верзијата на пребарувачот
  • Оперативниот систем којшто корисникот го користи.

Во овој контекст се употребуваат и т.н. колачиња. Колачињата се текстуални датотеки, коишто се меморираат на компјутерот на посетителот на веб-локацијата и на тој начин овозможуваат повторно анонимно препознавање на посетитлот.

На оваа веб-локација ставени се колачиња од Piwik.org. (http://de.piwik.org/) и Webtrekk (http://webtrekk.com) за попрецизно да може да се протоколираат пристапите до веб-страниците. Покрај тоа, ставени се и колачиња од twyn group IT solutions& marketing services AG (http://www.twyn.com, http://www.yoondo.com) за оптимирано управување со рекламите. На тој начин стекнатите податоци се мемрираат исклучиво анонимизирани.

Поврзување на социјални дополнителни компоненти

На нашите веб-страници се употребуваат социјални дополнителни компоненти (Social-Plugins) на Facebook. За таа цел ние го користиме копчето Like. Притоа се работи за понуда на претпријатието Facebook Inc. од САД (1601S. California Ave., Palo Alto, CA 94304 USA). Ако посетите една од нашите веб-страници што содржи таква дополнителна компонента, тоа сепак не претставува поврзаност со тоа претпријатие. Поврзувањето се врши дури по Вашата изречна согласност за којашто Ви се појавува прашање откако ќе кликнете на соодветното копче.