Модели

Enyaq Coupé

Откријте нови можности!

Škoda Enyaq Coupé е импресивно стилски и аеродинамички ефикасен.

Линијата на покривот во стилот на купе, наведната надолу од столбот Б му дава на Enyaq Coupé емотивен изглед.

Каде и да ве одведе вашиот активен животен стил, Enyaq Coupé ќе ви ја даде сигурната поддршка што ви треба.

Дизајнот на Enyaq Coupé е заокружен со Crystal Face, кое му дава веднаш препознатлив изглед.

Пространата внатрешност на Enyaq Coupé е изградена со елеганција и чисти форми.

Ентериерот на Lounge е еден од петте впечатливи дизајнерски селекции достапни за Enyaq Coupé.

Без тунелска конзола во автомобилот, задните патници имаат многу простор во сите правци.

Багажникот доаѓа со 570 литри багажен простор или до 1.610 литри со склопени задни седишта.

Чист и елегантен дизајн

Новиот стилски и самоуверен изглед на Škoda. Со својот познат, но иновативен и впечатлив дизајн, Enyaq Coupé беспрекорно се вклопува во традицијата. Неговите елегантни пропорции оставаат впечаток на пространост во внатрешноста.

Врвен електричен SUV

Уште со CITIGOe, веќе се докажа дека електричната мобилност може да биде забавна. Со новиот Enyaq би сакале да ја прошириме нашата палета производи. Ова SUV возило се базира на модуларна платформа развиена специјално за електрични возила и нуди најсовремена технологија, функции за брзо полнење на батеријата и голем досег.

Висококвалитетен и просторен

Редизајнираната внатрешност ја нагласува пространоста на Enyaq, вклучувајќи го големиот багажен простор типичен за Škoda. Висококвалитетната изработка и бројните практични прегради за складирање обезбедуваат висок степен на комфор. Апсолутна врвна карактеристика сепак се еколошките материјали на возилото.

Интелигентен, иновативен, интуитивен

Škoda Enyaq не само што нуди нов внатрешен концепт, туку и голем избор на интелигентни и иновативни решенија кои се во голема мера интуитивни за користење. Тука спаѓаат серискиот виртуелен кокпит, многуте опции за поврзување и внатрешното LED осветлување.

Simply Clever технологија

Travel Assist - системот за помош при патување презема сегменти од управувањето со возилото за да ви го олесни возењето и набљудувањето на сообраќајот.
Не грижете се повеќе за паркирањето - благодарение на системите за помош за паркирање, вашето возило може да се смести и во најтесниот простор.
Првокласни системи за помош за безбедно патување.
Иновативното LED осветлување нуди подобри перформанси, троши помалку енергија и има нови безбедносни функции.

Секогаш онлајн додека патувате

Со исклучок на дигиталниот кокпит од 5,3 инчи, кој ги прикажува само најважните информации за возење, сè се одвива на централен екран на допир од 13 инчи. Инфозабавниот систем на автомобилот нуди и Škoda Connect, SmartLink, Bluetooth, Wi-Fi hotspot и многу други услуги.

Дизајнерски пакети

Возилото е достапно во неколку дизајнерски пакети, секој со различни елементи. Секоја варијанта на ентериерот е инспирирана од вашиот животен стил, комфорот и удобноста на вашата дневна соба. Нашите најдобри дизајнери на ентериер внимателно го одбраа секој детаљ од дизајнерските пакети за во возилото да создадат атмосфера како во дневната соба во која навистина ќе се чувствувате како дома. Седишта, инструментна табла, потпирач за раце, централна конзола, вметоци на врати, украсни панели, осветлување и патосници: поединечните дизајнерски елементи на секој дизајнерски пакет се рефлектираат низ целата внатрешност.

Loft

Дизајнерскиот пакет Loft нуди модерен, но пријатен ентериер. Елегантната и безвременска комбинација на сиво и црно создава хармонично чувство. Семејствата со деца ќе ја ценат издржливоста на материјалот, кој е и лесен за одржување.

Lodge

Концептот на мобилност и одржливост на иднината силно се рефлектира во дизајнерскиот пакет Lodge. Природата се движи со вас. Меките материјали и светлите бои го прават ентериерот удобен, привлечен и создаваат пријатна атмосфера при секое патување.

Lounge

Дизајнерскиот пакет Lounge ги истакнува карактеристиките на иновативното електрично возило. Добро осмислениот ентериер со висококвалитетни материјали се комбинира со естетски, модерен изглед со фокус на ексклузивни детали.

Suite

Уживајте во допирот на луксуз со дизајнерскиот пакет Suite. Внатрешноста, која што е опремена со ексклузивни материјали и со која доминира меката кожа, ве опкружува со највисоко ниво на удобност и хармонија.

ecoSuite

Стилскиот и добро осмислен дизајнерски пакет ecoSuite ги исполнува дури и највисоките стандарди за комфор и еколошки решенија. Обложен е со уникатна маслиново-фарбана кожа во боја на коњак со контрастни детали во каменесто беж боја. Наместо хемикалии, за време на боењето се користи екстракт од листови од маслинки, што го прави производството поеколошко. Ова особено ќе го ценат оние чија животна филозофија ги вклучува принципите на одржлив развој.

Безбедност без компромис

Škoda Enyaq ги доби првите пет ѕвезди на Euro-NCAP-Crashtest и исто така го освои првото место во својата класа.