Škoda Enyaq Coupé Технологија
Виртуелен кокпит
Во Škoda Enyaq Coupé инструментната табла е секогаш дизајнирана како дигитален кокпит. Тука станува збор за 5,3-инчен дигитален дисплеј во боја со следните распореди на екранот: основен, навигација, системи за помош и екран "збогум". Може менувате помеѓу поединечните распореди преку копче на управувачот.
Škoda Enyaq Технологија
Canton аудио систем
Škoda Enyaq Coupé може да се надополни со аудио систем со 12 звучници и дигитален еквилајзер. Целиот звучен систем е фино подесен за да одговара на внатрешноста на Enyaq Coupé во соработка со германската компанија Canton, која е специјализирана за развој и производство на звучници и аудио системи. Можете да изберете неколку однапред дефинирани аудио профили (Canton, говор, рок и филхармонија). Звукот може да се прилагоди за да одговара на патниците во автомобилот (режими на сите, напред и возач). Системот нуди совршено искуство со вашата омилена музика.
Škoda Enyaq Coupé Технологија
Телефонска кутија со функција за бежично полнење
Телефонската кутија е преграда за сместување на вашиот мобилен телефон во централната конзола и овозможува стабилна телефонска врска дури и кога сигналот е слаб. Со телефонската кутија може да го полните вашиот паметен телефон користејќи го безжичниот стандард Qi.
Škoda Enyaq Coupé Технологија
USB-C приклучоци и приклучница за напојување
Enyaq Coupé е стандардно опремен со 2 модерни предни USB-C порти со позадинско осветлување за пренос на податоци и полнење. Две дополнителни USB-C порти, заедно со приклучок од 230 V, може опционално да се додадат за патниците одзади да ги полнат своите уреди.
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна