Модели

2011 - Историски триумф за Škoda.

Двата рели пилоти Јухо Хенинен и Мико Маркула по нивната победа во Шпанија се крунисаа со титулата нови светски прваци за рели и на Škoda и ја донесоа првата титула на светски првак во нејзината историја во мотоспортот.

2011 - Презентација на новиот концепт на дизајнот.

На саемот за автомобили во Женева, претседателот на Управниот одбор на Škoda, почесниот проф. доктор на науки Винфрид Валанд на воодушевената публика и го претстави концептот на дизајнот на новата Škoda. Студијата Vision D го прикажува идниот дизајн на моделот. Модерните стилски средства во дизајнот и најсовремената технологија се клучните фактори на стратегијата за развој на Škoda. Новата насока се истакнува и со лансирањето на нов и освежен CI.

2010 - Баумшлагер во Fabia S 2000 одново ја освои титулата државен првак.

Рајмунд Баумшлагер во Fabia S 2000 не може да биде поразен. Тој победи на сите трки до државното првенство за рели во 2010 година и на тој начин си ја обезбеди својата осма титула по ред како државен првак во рели.

2010 - Студија Octavia Green E Line.

Саемот за автмобили во Париз во 2010 година го означи почетокот на новата ера за Škoda. За првпат во историјата на марката, компанијата ја претстави студијата на патничко возило со електричен погон. Octavia Green E Line со електричен погон има досег од 140 километри, нуди постојана моќност од 82 КС и максимална моќност од 116 КС.

2010 - Новата Fabia RS.

Новата Fabia RS го означува предводникот во спортот на новата генерација на Fabia. Со јачината на TSI моторот од 180 КС, менувачот со двојна спојка DSG со 7 степени со прекинувачи, спортското подвозје и уште многу повеќе, таа ги маѓепсува амбициозните возачи со насмевка на лицето. Спортското возило е за првпат достапно и како Combi.

2010 - Fabia - The New Generation.

Новата генерација на Fabia, Fabia Combi и Roomster напролет ќе го има своето деби. Новото семејство на Škoda компактни возила воодушевува со динамичниот дизајн, новите мотори и примамливите опреми. Разновидноста на модели и атрактивните пакети со поволности, го нудат вистинското возило за секој тип.