Модели

Оштетувања на лакот и нега на лакот

o

Удар на лакот

Ударите на лакот. на пр. од чакал, по желба може да се покријат со специјално лакирање.

Предности:

  • Лак само во пукнатината од ударот  - останатиот лак е во првичната состојба
  • Заштита од рѓа и корозија при итно отстранување на оштетувањето
  • Се штеди на време и трошоци
  • Се задржува вредноста на Вашето возило

Исклучоци:

  • Не е соодветно за места со поголема површина и поголемо оштетување
  • Не е соодветно за сребрени лакови

Методата е особено погодна за темни лакови.

Вдлабнатини и испакнатини

Тие сега може да се отстранат без да се оштети оригиналниот лак. На тој начин, ќе се задржат беспрекорниот изглед и вредноста на Вашето возило. 
  
Предности:

  • Не е потребно лакирање
  • Се задржува оригиналниот лак
  • Се штеди на време и трошоци
  • Се задржува вредноста на возилото

Предуслови:

  • Лакот не е оштетен (можно е да е треба дополнителна поправка на лакот)
  • Оштетувања на пристапно место (од задната страна)

Нега на возилото надвор

Автоматски сервиси за миење. 
Лакот на возилото е толку отпорен што возилото обично може без проблем да се мие во автоматски сервиси за миење. Пред автоматското миење на возилото, освен вообичаените мерки на претпазливост (затворање на прозорците и на лизгачкиот/ издигнувачки покрив, откачување на фабрички вградените антени и нивно спуштање надолу и сл.) не треба да внимавате на друго. По автоматското миење со конзервирање, треба да се отстрани маста од гумите на бришачите на стаклата.

Рачно миење. 
При рачно миење, натопете ја нечистотијата со многу вода и исплакнете што е можно подобро. Потоа, со мал притисок исчистете го возилото со мек сунѓер за миење, ракавица за миење или четка за миење. Притоа, работете од горе надолу, почнувајќи од покривот. Лакираните површини на возилото исчистете ги применувајќи само мал притисок. Само за тврдокорните нечистотии, употребете шампон за возила. По миењето на возилото, темелно исплакнете и потоа исушете со кожа за прозорци.

Миење со чистач со висок притисок. 
При миењето на возилото со чистач со висок притисок, задолжително следете ги напомените за користење на чистачот со висок притисок. Тоа особено важи за притисокот и растојанието на прскање. Одржувајте доволно растојание до меките материјали, како гумените црева или изолациските материјали. Во никој случај не користете отвори со кружен млаз или т.н. уништувачи на нечистотија.

Конзервирање.
Доброто конзервирање го штити лакот на возилото од штетните влијанија на околината и лесните механички влијанија. Возилото треба да се третира со висококвалитетно средство за конзервирање од тврд восок најдоцна кога на чистиот лак нема повеќе да се формираат капки.

Нов слој на вискоквалитетно средство за конзервирање со тврд восок може по сушењето да се нанесе на чистата површина на лакот. И при редовна примена на средство за конзервирање при миење, препорачуваме лакот на возилото да се конзервира со тврд восок најмалку двапати годишно.

Полирање.
Само доколку лакот на возилото станал неугледен и доколку со средството за конзервирање повеќе не може да се постигне сјај, потребно е полирање.

Хромирани делови.
Хромираните делови прво исчистете ги со влажна крпа и потоа исполирајте со мека, сува крпа. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за нега на хром од Škoda оригиналните додатоци®.

Оштетувања на лакот.
Малите оштетувања на лакот, како гребнатини, удари, веднаш покријте ги со лак (Škoda апликатор на лак) пред да настане рѓа. Соодветните апликатори на лак или спрејови ги има во салоните на Škoda.

Пластични делови.
Надворешните пластични делови се чистат со обично миење. Доколку тоа не е доволно, пластините делови може да се третираат со специјално средство за чистење пластика без растворувачи.

Прозорски стакла.
Остатоците од гума, масло, маст, восок или силикон, отстранете ги со специјално средство за чистење стакла односно со специјален отстранувач на силикон. Прозорските стакла исто така треба редовно да се чистат однатре.

Стакла на фарови.
За чистењето на предните фарови, не користете агресивни средства за чистење или хемиски растворувачи (опасност од оштетување на пластичните стакла), туку употребете сапун и чиста, топла вода.

Дихтунзи.
Гумените дихтунзи на вратите, капаците, лизгачкиот/издигнувачки покрив и прозорските стакла ќе останат меки и ќе траат подолго доколку се третираат со средство за нега на гума (на пр. спреј со масло без силикони).

Брави.
За одмрзнување на бравите, го препорачуваме спрејот со намастувачко и антикорозивно дејство од Škoda оригиналните делови®. 

Тркала:

  • Челични тркала: при редовно миење на возилото, темелно чистете ги фелните и капаците на тркалата. Тврокорните наслаги настанати при сопирање отстранете ги со индустриско средство за чистење. Поправете ги оштетувањата на лакот на фелните пред во нив да се создаде рѓа.
  • Фелни од лесен метал: редовно негувајте ги фелните од лесен метал. На секои две недели, од нив отстранувајте ги наслагите од сол и од сопирање. По темелното миење, третирајте ги фелните со средство за заштита за тркала од лесен метал, коешто не содржи киселини. На секои три месеци, на фелните нанесете слој од тврд восок.

Заштита на подвозјето.
Препорачуваме редовно да го проверувате заштитниот слој на долната страна на возилото и на подвозјето, најдобро пред почетокот и по крајот на студените годишни времиња и по потреба да го поправите.

Простор на моторот.
Целиот простор на моторот, темелно исчистете го пред и по периодот на сол на патиштата и потоа конзервирајте го за да не се дозволи солта да има уништувачко дејство.

Škoda салоните располагаат со средствата за чистење и конзервирање коишто се препорачани од фабриката и се опремени со соодветните уреди.

Вашиот Škoda салон со задоволство ќе Ве советува при негата на Вашата Škoda! 

Оштетување на пластиката надвор

Има алтернатива за замената на оштетените браници, заштитни ленти или куќишта на ретровизори. Нов вид технологија на лепење овозможува да се затворат малите дупки, пукнатини или гребнатини.

Предности:

  1. Не е потребно демонтирање на оштетениот пластичен дел
  2. Задржување на вредноста на возилото
  3. Заштеда на време и трошоци

Предуслови:

  1. Пукнатината не е подолга од 100 mm 
  2. Оштетувањата (на пр. дупка) немаат дијаметар поголем од 30 mm

Оштетувања на пластиката внатре

Со мала поправка, може да се отстранат гребнатините, пукнатините и дупките на инструментната табла. 
 
Предности:

  1. Не е потребна замена на оштетените делови
  2. Кратко време на поправка - помали трошоци
  3. Задржување на вредноста на возилото

Предуслов:

  1. Оштетувањата (на пр. дупка) немаат дијаметар поголем од 15 mm

Напомена:

Не секогаш може целосно да се добие исто ниво на квалитет како и кај новиот дел.

Стапете во контакт со Вашиот Škoda салон!

По визуелната проверка, Вашиот Škoda салон со задоволство ќе Ви даде понуда.