Модели

4x4 технологија

o

Најмодерна технологија на погон на сите тркала

Со интелигентниот 4x4 погон на сите тркала, моделите на Škoda нудат стабилност и прилепеност при најразлични услови.
Погонот на сите тркала со електронски регулираната ламелеста спојка реагира и на најмалите измени во рок од милисекунди. Во нормални услови, возилото вози со преден погон, но доколку има снег, мраз или нечистотија на коловозот, веднаш се активира погонот на сите тркала.

Ламелестата спојка - електронски регулирана електро-хидраулична спојка за распределба на моментот - во Superb, Kodiaq, Octavia и YETI овозможува погон на сите тркала. Постојаниот погон на сите тркала го распределува вртежниот момент на моторот на сите четири тркала зависно од возната ситуација.

Предности на 4x4 технологијата

4x4 реагира многу брзо и интелигентно. Контролен уред го пресметува идеалниот погонски момент за задната оска. Скоро се исклучува можноста за загуба на прилепеност поради управување зависно од условите во коишто се вози. Во лер или при помало оптоварување, погонот е на предната оска и со тоа се штеди гориво.

Секогаш одиме напред

Во нормални услови, поголемиот дел од погонската сила се пренесува на предните тркала.

Распределба при лоши патишта

Доколку возите по лизгави патишта, електронски регулираната ламелеста спојка го распределува вртежниот момент помеѓу сите тркала во рок од милисекунди.

Пренасочување на погонот

Škoda 4x4 погонот на сите тркала Ви овозможува да совладате дури и такви ситуации, во коишто Вашето возило нема подлога под предните тркала - до 90% од вртежниот момент може да се насочи кон задниот дел.

При екстремно лоши услови

Дури и кога условите во коишто се вози се екстремно тешки, може да бидете спокојни - Вашата Škoda може до 85% од вртежниот момент да го насочи на само едно тркало.

Што се крие зад тоа

Електронски регулираната ламелеста спојка се наоѓа директно на задната оска. Контролниот уред ги зема предвид сигналите од:

  • Контролниот уред на моторот (број на вртежи на моторот и позиција на педалот за гас)
  • Контролниот уред за ABS/ESP (сензори за број на вртежи на тркалата, прекинувач за стоп-светло и сензори за попречно   и надолжно забрзување)
  • Сензор за аголот под којшто е завртен управувачот.