Ние се концентрираме на луѓето и нивните потреби.

Нашите купувачи можат да бидат сигурни дека за своите пари секогаш ќе добијат вистинска противвреденост: сигурни технички напредни возила, оригинални по дизајн, и кои според параметрите и корисничките карактеристики можат во целост да се споредуваат со конкурентските производи.

Како рамноправен партнер во заедницата на марките на VW корпорацијата, сакаме да го задржиме своето место меѓу најатрактивните производители на автомобили - иако не нудиме возила во врвната луксузна категорија, не го опслужуваме само ефтиниот сегмент на пазарот.

Креативност, поштеност, квалитет, сигурност, отвореност и озбилен став во однос со купувачите и јавноста - тоа се денес примарните карактеристики на марката Škoda која ќе продолжи и во иднина.