Модели

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Асистент за одржување на коловозна лента

Системот за одржување коловозна лента предупредува од ненамерно напуштање на коловозната лента и со активен импулс на управувачот дејствува против несакано менување на коловозната лента. Системот е активен при брзини над 65 km/h и препознава ознаки на коловозната лента.

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Асистент за промена на коловозна лента

Системот за помош за менување коловозна лента преку радарски сензори во задните браници го набљудува и мртвиот агол зад и покрај возилото. Зависно од оддалеченоста и брзината на околните возила, системот одлучува дали со визуелни односно звучни сигнали да му напомне на возачот дека постои можна опасност.

 

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Асистент за движење при застој

Системот за помош при застој е комфорна функција, којашто во Superb со менувач со двојна спојка DSG, треба да го олесни возењето при застој. Системот за помош при застој е активен доколку автоматското регулирање на растојанието (ACC) и системот за помош за одржување коловозна лента се вклучени.

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Преден радар асистент

Системот за помош со преден радар е безбедносен систем, којшто предупредува од опасност од судир и во даден случај иницира сопирање за да го ублажи евентуалниот судир. Со помош на радарски сензор во решетката на ладилникот, системот за помош со предниот радар го следи растојанието до возилото пред вас.

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Асистент за предупредување од замор

За вашата безбедност, особено на подолги ноќни возења, се грижи асистентот за препознавањето замор, којшто проценува детални податоци на серво-управувачот при брзини над 65 km/h. Штом оваа функција утврди однесување коешто би можело да укажува на умор на возачот, како на пример интензивните корекции на насоката со управувачот, следи препорака за пауза.

ŠKODA SUPERB Системи за безбедност

Асистент за спречување на повеќекратен судир

Доколку возило учествува во незгода и притоа се отворат воздушните перничиња, возилото во одредени околности продолжува да се движи и се зголемува ризикот од повеќекратен судир.

Системот за спречување на повеќекратен судир со интервенција помага да се намали брзината и да се стабилизира возилото, за да не дојде до повеќекратен судир.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете