Модели

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Помош при паралелно паркирање

При барањето соодветно место за паркирање со системот за помош при паркирање, SUPERB може да вози со брзина до 40 km/h. Доколку сензорите препознаат доволно големо место за паркирање (должина на возилото + 80 cm), вам системот за помош при паркирање ви помага во маневрите при паркирањето.

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Помош при тргнување

Сега и маневрирањето за излегување од местото за паркирање е полесно. Во овој режим, системот за помош при паркирање го води SUPERB нанапред и наназад додека да може да излезете од местото за паркирање.

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Помош при паркирање наназад

Системот наоѓа соодветно место за паркирање помеѓу другите возила и маневрите при паркирањето ги извршува скоро автоматски. Вие мора само да додавате гас и да сопирате. Управувањето го презема SUPERB.

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Како работи асистентот за паркирање

Со помош на радарските сензори, вам ви се олеснува излегувањето од местото за паркирање. Доколку постои опасност од судир, дополнително се огласува звучен сигнал. Освен тоа, на дисплејот на радиото и навигацискиот систем, во задниот дел на прикажаниот SUPERB се појавува прво жолта, а потоа црвена напомена. Во ситуации на непосредна опасност, возилото автоматски сопира.

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Подобар преглед на задниот дел

Со камерата за возење наназад, којашто е вградена во рачката на вратата од багажниот простор, имате поглед кон просторот зад возилото. Со поставување на степенот за возење наназад, таа автоматски се вклучува и сликата од камерата се прикажува на дисплејот на Infotainment системот. Покрај тоа, системот прикажува динамични линии за ориентација. Линиите за ориентација прикажуваат во која насока возилото продолжува да се движи со актуелната позиција на управувачот односно прикажуваат кога е потребно вртење.

ŠKODA SUPERB Системи за помош

Сензори за паркирање

Сензорите за паркирање напред и позади претставуваат совршено дополнување на системот за помош во управување при паркирање. Тие му помагаат на возачот при паркирањето и функционираат со сите Infotainment системи достапни за SUPERB.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете