Модели

ŠKODA SUPERB Комфор

Интегрирано греење

Отсега, не само што може да се загреваат седиштата, туку може да се загрева и управувачот. Тоа се регулира преку Infotainment системот. Се со цел, вашите раце да бидат топли и во студените денови.

ŠKODA SUPERB Комфор

Ваш личен профил за возење

Почувствувајте ја големата моќ на вашиот автомобил уживајќи во максимален комфор и оптимална безбедност. Динамичното регулирање на подвозјето (DCC) постојано го следи однесувањето при возењето и преку изборот на возен профил може да се приспособи на индивидуалниот стил на возење - нормално, спортско или комфорно.

ŠKODA SUPERB Комфор

Персонализирајте го вашиот SUPERB

Различните возачи може да ги внесат нивните претпочитани поставувања и да ги меморираат. Тука спаѓаат меѓу другите и возниот режим, електричното поставување на седиштето на возачот, клима уредот Climatronic, системите за помош, како и поставувањата за Infotainment.

ŠKODA SUPERB Комфор

Практична контрола на климата

Целосно новоконципираниот клима уред "Climatronic" овозможува оптимални температури во просторот за патници. Возачот, совозачот и патниците во задниот дел може одделно да ја нагодат температурата за нивниот дел со што целото семејство ќе се чувствува добро по пат.

ŠKODA SUPERB Комфор

Немате слободна рака за да го отворите багажникот?

Едноставно придвижете го вашето стапало под задниот браник и вратата од багажниот простор се отвора односно затвора како повлечена од магична рака.

ŠKODA SUPERB Комфор

Индивидуално како за тебе

Имате избор: со пријатното, нежно LED осветлување на внатрешниот простор во десет различни тонови на бои, секое патување во SUPERB може да го направите уште попријатно.

ŠKODA SUPERB Комфор

Секогаш правилната позиција

Електрично нагодливото седиште на возачот со функција за меморија може да меморира до три различни позиции на седиштето и надворешните ретровизори.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете