Модели

Детали

ŠKODA SUPERB COMBI

Димензии

Возење

Погон на сите тркала

ŠKODA SUPERB Combi е достапен со најновата верзија на електронски регулирана ламелеста спојка (5-та генерација).

Четири мотори може да се опремат со најмодерниот погон на сите тркала. Притоа се гарантира оптимална динамика при возењето и највисок степен на безбедност.

Преносот на вртежниот момент на сите четири тркала се врши автоматски во зависност од условите во коишто се вози. Контролната единица го пресметува идеалниот вртежен момент за задната оска и соодветно го приспособува притисокот врз ламелите на спојката.

Технологии

Активно управување со цилиндри ACT

ACT = активно управување со цилиндри. При возење со број на вртежи помеѓу 1.400 и 4.000 U/min и при брзини до 130 km/h, независно од избраниот степен, може целосно незабележливо да се деактивираат два од четирите цилиндри. Со тоа се оптимира дејството на моторот.

Start-Stop систем

Идејата зад Start-Stop системот се состои во тоа, моторот да се исклучи секој пат кога неговата работа е непотребна. Поради тоа, тој особено во градскиот сообраќај е од голема користи бидејќи значително ја намалува потрошувачката на гориво.

Селективна каталитичка редукција SCR

SCR значи дека овие мотори се опремени со систем за дополнителна обработка на издувни гасови во повеќе нивоа (филтер за дизел честички и SCR-катализатор). SCR-катализаторот селективно, без да се создадат несакани нуспроизводи, ги претвора компонентите на издувниот гас од азотен оксид (NOx) во азот (N2) и вода (H2O) .

Препорака за менување степени

Поставувајќи го правилниот степен, може да се заштеди гориво и истовремено да се зголеми комфорот при возењето. Помалата брзина на моторот ја намалува потрошувачката и овозможува помала бучава. Препораката за менување степени се појавува добро видлива за возачот со сопствен симбол во горниот десен раб на дисплејот.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете