Модели

ŠKODA SUPERB Системи за комфор

Асистент за долги светла

Сега може подолго да возите со долго светло, без да ги заслепувате возачите што доаѓаат од спротивната страна. Системот за помош за динамично долго светло не само што менува помеѓу долгото и собореното светло, туку долгото светло може и диференцирано да го исклучи. За таа цел, SUPERB Combi ја користи повеќефункциската камера, којашто е интегрирана во ретровизорот.

ŠKODA SUPERB Системи за комфор

Асистент за автоматски регулирање на растојанието

При возење на автопати, автоматското регулирање на растојанието овозможува постојана брзина и безбедно растојание до возилата пред вас. За таа цел, SUPERB управува со моторот и сопирачките, за по потреба автоматски да го забрза или сопре возилото. За да го стори тоа, тој го користи системот за помош за предниот радар.

ŠKODA SUPERB Системи за комфор

Мултифункционална камера

Со мултифункционалната камера работат повеќе системи за помош. Таа на пример овозможува перципирање на ознаките на коловозот за системот за помош за одржување коловозна лента или препознавање и приказ на сообраќајни знаци во комбинација со навигациски систем.

ŠKODA SUPERB Системи за комфор

Асистент за препознавање на сообраќајни знаци

Со помош на камерата интегрирана во ретровизорот, системот ги препознава сообраќајните знаци на патот. Модул за обработка на сликата ги пребарува сликите од камерата за да најде познати сообраќајни знаци и резултатот го споредува со податоците на навигацискиот систем.

Препознавањето сообраќајни знаци ги регистрира ограничувањата на брзината и забраните за претекнување, како и знаците за укинување на истите, но и дополнителните знаци со напомени (на пример при дожд, стрелки за насока итн.). Сообраќајните знаци се прикажуваат како пиктограми на повеќефункцискиот индикатор, како и на дисплејот на навигацискиот систем.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете