ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Асистент за одржување на коловозна лента
Системот за одржување коловозна лента предупредува од ненамерно напуштање на коловозната лента и со активен импулс на управувачот дејствува против несакано менување на коловозната лента. Системот е активен при брзини над 65 km/h и препознати ознаки на коловозната лента.
ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Асистент за промена на коловозна лента
Системот за помош за менување коловозна лента преку радарски сензори во задните браници го набљудува и мртвиот агол зад и покрај возилото. Зависно од оддалеченоста и брзината на околните возила, системот одлучува дали со визуелни односно звучни сигнали да му напомне на возачот дека постои можна опасност.
ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Асистент за движење при застој
Системот за помош при застој е комфорна функција, којашто во SUPERB Combi со менувач со двојна спојка DSG, треба да го олесни возењето при застој. Системот за помош при застој е активен доколку автоматското регулирање на растојанието (ACC) и системот за помош за одржување коловозна лента се вклучени.
ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Преден радар асистент
Системот за помош за преден радар е безбедносен систем, којшто предупредува од опасност од судир и во даден случај иницира сопирање за да го ублажи евентуалниот судир. Со помош на радарски сензор во решетката на ладилникот, системот за помош за предниот радар го следи растојанието до возилото пред вас.
ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Асистент за предупредување од замор
За вашата безбедност, особено на подолги ноќни возења, се грижи препознавањето умор, коешто проценува детални податоци на серво-управувачот при брзини над 65 km/h. Штом оваа функција утврди однесување коешто би можело да укажува на умор на возачот, како на пример интензивните корекции на насоката со управувачот, следи препорака за пауза.
ŠKODA SUPERB Системи за безбедност
Асистент за спречување на повеќекратен судир
Доколку возило учествува во незгода и притоа се отворат воздушните перничиња, возилото во одредени околности продолжува да се движи и се зголемува ризикот од повеќекратен судир.
Сопирачката за повеќекратни судири со сопирачка интервенција помага да се намали брзината по судир и да се стабилизира возилото, за да не дојде до повеќекратен судир.
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна