Детали
Škoda Superb FL
Димензии
Возење
Погон на сите тркала
Škoda Superb може да се добие со најновата верзија на електронски регулираната ламелеста спојка (петта генерација).
Четири мотори може да се опремат со најмодерниот погон на сите тркала. Притоа, се гарантира оптимална возна динамика и највисок степен на безбедност.
Преносот на вртежниот момент на сите четири тркала се врши автоматски во зависност од условите во коишто се вози. Контролната единица го пресметува идеалниот вртежен момент за задната оска и соодветно го приспособува притисокот врз ламелите на спојката.
Технологии
Активно управување со цилиндри ACT
ACT = активно управување со цилиндри. При возење со број на вртежи помеѓу 1.400 и 4.000 U/min и при брзини до 130 km/h, независно од избраниот степен, може целосно незабележливо да се деактивираат два од четирите цилиндри. Со тоа се оптимира дејството на моторот.
Start-Stop систем
Идејата зад Start-Stop системот се состои во тоа, моторот да се исклучи секој пат кога неговата работа е непотребна. Поради тоа, тој особено во градскиот сообраќај е од голема користи бидејќи значително ја намалува потрошувачката на гориво.
Препорака за менување степени
Поставувајќи го правилниот степен, може да се заштеди гориво и истовремено да се зголеми комфорот при возењето. Помалата брзина на моторот ја намалува потрошувачката и овозможува помала бучава. Препораката за менување степени се појавува добро видлива за возачот со сопствен симбол во горниот десен раб на дисплејот.
Селективна каталитичка редукција SCR
SCR значи дека овие мотори се опремени со систем за дополнителна обработка на издувни гасови во повеќе нивоа (филтер за дизел честички и SCR-катализатор). SCR-катализаторот селективно, без да се создадат несакани нуспроизводи, ги претвора компонентите на издувниот гас од азотен оксид (NOx) во азот (N2) и вода (H2O) .
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна