Модели

Škoda Superb Combi Комфор

Интегрирано греење

Отсега, не само што може да се загреваат седиштата, туку може да се загрева и управувачот. Тоа се регулира преку Infotainment системот. Се со цел, вашите раце да бидат топли и во студените денови.

Škoda Superb Combi Комфор

Ваш личен профил за возење

Почувствувајте ја големата моќ на вашиот автомобил уживајќи во максимален комфор и оптимална безбедност. Динамичното регулирање на подвозјето (DCC) постојано го следи однесувањето при возењето и преку изборот на возен профил може да се приспособи на индивидуалниот стил на возење - нормално, спортско или комфорно.

Škoda Superb Combi Комфор

Персонализирајте го вашиот Superb Combi

Различните возачи може да ги внесат нивните претпочитани поставувања и да ги меморираат. Тука спаѓаат меѓу другите и возниот режим, електричното поставување на седиштето на возачот, клима уредот Climatronic, системите за помош, како и поставувањата за Infotainment.

Škoda Superb Combi Комфор

Практична контрола на температурата

Целосно новоконципираниот клима уред "Climatronic" овозможува оптимални температури во просторот за патници. Возачот, совозачот и патниците во задниот дел може одделно да ја нагодат температурата за нивниот дел со што целото семејство ќе се чувствува удобно по пат.

Škoda Superb Combi Комфор

Немате слободна рака за да го отворите багажникот?

Едноставно придвижете го вашето стапало под задниот браник и вратата од багажниот простор се отвора односно затвора како повлечена од магична рака.

Škoda Superb Combi Комфор

Индивидуално за секого

Имате избор: со пријатното, нежно LED осветлување на внатрешниот простор во десет различни тонови на бои, секое патување во Superb Combi може да го направите уште попријатно.

Škoda Superb Combi Комфор

Секогаш во правилната позиција

Електричното нагодливо седиште на возачот со мемориска функција може да меморира до три различни позиции на седиштето и надворешните ретровизори.

Škoda Superb Combi Комфор

Одушевувачки багажен простор

Димензиите на багажниот простор се едноставно одушевувачки. Combi нуди простор од 660 литри односно 1.950 литри по спуштање на потпирачот на задните седишта. Практичниот џеб под намотливата полица во багажниот простор на Combi служи како место за безбедно сместување помали предмети.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна