Škoda Octavia е столб на портфолиото на возила од нашиот бренд. Големиот број на клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари.
Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот, подготвивме пакет со која Вашата нова Octavia, ќе биде подготвена за сите сезони.
Лизинг пресметката е од информативен карактер
Учеството за лизинг е достапно од 5% до 65%.
Каско осигурувањето е со франшиза од 200 евра.
Во регистрацијата е вклучена и автоодговорност.
Периодот на лизинг е достапен од 24 до 84 месеци.
Финансиски лизинг со каматна стапка 6,8%
Времетраење на кампањата: до до 30.09.2023 година
Видео презентација од Octavia
Дизајн
Дизајнот на надворешноста пресликува типична, но сепак многу елегантна Škoda. Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник.
Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гаснење на лед диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED светла.
Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.
На задниот дел, се истакнуваат гордо испишаните букви Škoda на средина на задната врата од багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри.
Задните светла се составени од бројни индивидуални LED диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.
Внатрешност
Дизајнот на внатрешноста е целосно променет. Пред вас е воланот со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic - кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation - со кој на целиот 10 инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance - кој нуди детални информации за сите системи. Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.
На централната конзола се наоѓа 10 инчен инфозабавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, Škoda виртуелен асистент.
Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа.
Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство.
Simply Clever
Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци.
Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.
Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта.
Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло.
Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1740 литри.
Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина, додека багажната врата се отвора електронски.
Безбедност
Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.
Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.
Заклучок
Новата генерација на Škoda Octavia најголемата, најудобна и најбезбедна досега, а со тоа сигурно ги надминува сите очекувања. Според мноугмина идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.
Повелете во нашите продажни салони, за да ја запознаете и одблиску.
Важни напомени
Прикажаните цени се од информативен карактер, препорачани и необврзувачки. Наведените цени се во евра, а нивната денарска противредност се пресметува на денот на купопродажбата по среден курс на НБРМ.
Понудата за лизинг се однесува на финансиски лизинг со можност за избор на лизинг учество од 20% до 50%, период на лизинг аранжман од 24 до 72 месеци, промотивна каматна стапка од 5%, вклучена регистрација за првата година и каско осигурување за првата година со франшиза од 200 евра.
И покрај континуираното ажурирање на нашите информации, прикажаните информации можно е да содржат грешки, или да не се актуелни. Истите се презентирани само како индикација и не се сметаат за договорна понуда за производ или услуга понудени од страна на Порше Македонија. Можни се грешки или пропусти, за што компанијата не сноси одговорност.
Порше Македонија го задржува правото да во било кое време, и без претходна најава да ги ажурира или измени информациите, особено оние кои се однесуваат на техничките карактеристики, опрема, модели и цена, имајќи го во предвид интерактивниот карактер на веб страната. За таквите промени компанијата не сноси одговорност.
За најрелевантни информации ве молиме контактирајте го овластениот Škoda партнер.