Модели
Мени
Path 2@2x

Новата FABIA Модерна, динамична, урбана!

k

Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, ви ја претставуваме новата четврта генерација на популарното урбано возило. Основано на модуларната MQB-A0 платформа на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.

За прв пат, ŠKODA FABIA се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата FABIA е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот - доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на MQB-A0, новата FABIA сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

Новата FABIA е самоуверена, модерна и динамична...

а во исто време стилска и елегантна. Ја исполнува секоја улога што е дадена.

Без разлика дали сте во или надвор од градот - новата FABIA ќе ве импресионира со балансираното ракување.

Со буквите ŠKODA на задниот дел, новата FABIA се декларира како горд член на семејството ŠKODA.

Конфигурирајте го ентериерот според вашите желби. Што е Бакарна завршница?

Внатрешноста е обмислена до најмалите детали.

Новата FABIA им нуди на патниците многу простор на предните и задните седишта.

Со 380 литри, багажникот е најголем во својата класа и нуди разновидни паметни „Simply Clever“ решенија.

ŠKODA FABIA, сега достапна со Порше Лизинг пакет

од 167€ лизинг рата

РЕГИСТРАЦИЈА за прва година

КАСКО за прва година

4,99% каматна стапка

Лизинг пресметката е од информативен карактер
Учеството за лизинг е достапно од 20% до 50%. 
Периодот на лизинг е достапен од 24 до 72 месеци.
Времетраење на кампањата: до до 30.06.2022 година   

Важни напомени

Прикажаните цени се од информативен карактер, препорачани и необврзувачки. Наведените цени се во евра, а нивната денарска противредност се пресметува на денот на купопродажбата по среден курс на НБРМ.

Понудата за лизинг се однесува на финансиски лизинг со можност за избор на лизинг учество од 20% до 50%, период на лизинг аранжман од 24 до 72 месеци, промотивна каматна стапка од 4,99%, вклучена регистрација за првата година и каско осигурување за првата година со франшиза од 200 евра. 

И покрај континуираното ажурирање на нашите информации, прикажаните информации можно е да содржат грешки, или да не се актуелни. Истите се презентирани само како индикација и не се сметаат за договорна понуда за производ или услуга понудени од страна на Порше Македонија. Можни се грешки или пропусти, за што компанијата не сноси одговорност.

Порше Македонија го задржува правото да во било кое време, и без претходна најава да ги ажурира или измени информациите, особено оние кои се однесуваат на техничките карактеристики, опрема, модели и цена, имајќи го во предвид интерактивниот карактер на веб страната. За таквите промени компанијата не сноси одговорност.

За најрелевантни информации ве молиме контактирајте го овластениот ŠKODA партнер.