Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

Автомобилски седишта поправка и чистење

Оштетување на материјалите

Малите дупки од огин и пукнатините на седиштата, внатрешноста на покривот или теписите често може да се поправат со многу добри визуелни резултати. Брзо и поволно!

Предности: 

  • Повеќе не е потребна замена на пр. на навлаките на седиштата
  • Сите моментални бои и материјали во внатрешноста може да се реконструираат
  • (Седишта во возилото, внатрешност на покривот, теписи)
  • Поправките на малите дупки од огин или пукнатини брзо се поправаат
  • Задржување на вредноста на Вашето возило

Предуслови:

  • Пукнатините не се подолги од 40 mm 
  • Оштетувањата (на пр. дупка) немаат дијаметар поголем од 15 mm

Исклучок:

Не смее да се вршат поправки во пределот на воздушните перничиња.

Нега на возилото внатре

Деловите од пластика и вештачката кожа може да се чистат со влажна крпа. Доколку тоа не е доволно, тие места може да се третираат само со средства за чистење пластика и за нега без растворувачи.

Ткаенините и текстилните облоги на вратите, полицата од багажниот простор, внатрешноста на покривот итн. третирајте ги со специјално средство за чистење, по потреба со пена за суво чистење и мек сунѓер или четка.

Текстилните навлаки на електрично загреваните седишта не влажнете ги додека ги чистите бидејќи може да дојде до оштетување на системот за загревање на седиштата. Навлаките чистете ги со специјални средства, на пр. пена за суво чистење и сл.

Природната кожа бара посебно внимание и нега. Кожата, зависно од тоа колку се користи, од време на време негувајте ја согласно подолу наведеното упатство.

Обично чистење.

Извалканите површини од кожа исчистете ги со малку наводенета крпа од памук или волна.

Поголема нечистотија

Многу извалканите места исчистете ги со крпа навлажнета во раствор од сапуница (2 супени лажици неутрален сапун на 1 литар вода). Кожата не смее на ниедно место да се натопи и не смее да навлезе вода во шавовите. Кожата исушете ја со мека, сува крпа.

Отстранување дамки

  • Свежите дамки на база на вода (на пр. кафе, чај, сок, крв
    итн.) отстранете ги со впивлива крпа или кујнски бришач односно доколку дамката веќе се исушила употребете средство за чистење од сетот за нега достапен во Вашиот салон на ŠKODA.
  • Свежите дамки на база на масло (на пр. путер, чоколадо итн.) отстранете ги со впивлива крпа или кујнски бришач односно со средство за чистење од сетот за нега доколку дамката уште не навлегла во површината.
  • Кај сувите дамки на база на масло, употребете спреј за растворање масло.
  • Специјални дамки (на пр. од пенкало, маркер, лак за нокти, крема за чевли итн.) отстранете ги со специјално средство за отстранување дамки наменето за кожа.  

Стапете во контакт со Вашиот ŠKODA салон!

По визуелната проверка, Вашиот ŠKODA салон со задоволство ќе Ви даде понуда.