Модели
Path 2@2x

Пролетна акција на ŠKODA

Следно
k

Пролетна сервисна акција за возила постари од 4 години

Ги слушате ли веќе птиците како пеат рано наутро? Тие нè потсетуваат дека пролетта е веќе тука, деновите се подолги и авантурите се пред вас.

Доколку вашето ŠKODA возило е постаро од 4 години тогаш оваа промотивна сервисна акција е за вас. Специјалниот пакет за одржување вклучува

  • Промена на моторно масло
  • Промена на филтер за гориво и воздух
  • Целосна проверка и дијагностика на возилото

Промена на моторно масло

Моторното масло е едно од клучните компоненти за правилна работа на возилото. Нашите овластени ŠKODA партнери употребуваат исклучиво моторно масло кое е препорачано од производителот и се карактеризира со висок квалитет за оптимална работа на моторот. 

Промотивна цена за промена на моторно масло

Промена на филтер за гориво и воздух

При секоја промена на моторно масло задожителна е промената на филтрите за гориво и воздух. Употребата на оригинални резервни делови е императив за вашето возило да ги има најдобрите можни перформанси.

Промотивна цена за промена на филтри за масло и воздух

Целосна дијагностика

Тргнете на пат со сигурност. Целосната дијагностика значи комплетна проверка на состојбата на вашето возило. Од проверка на состојбата на сите течности, системот за сопирање, клима уредот и многу повеќе. 

Промотивна цена за целосна дијагностика

Закажување на сервис

Пронајдете овластен ŠKODA сервисен партнер во вашата близина.