Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

ŠKODA SCALA Safety Assists

Side Assist

Со помош на два радари во задниот дел од возилото, Side Assist може да детектира возила што ви се приближуваат одзади, или се наоѓаат во вашата слепа точка. Возачот е информиран за ова со LED светлосен сигнал од внатрешниот дел од ретровизорот. Side Assist може да детектира возила и од 70 м далечина, и се покажува како ефективна мерка при возење на автопат или двоен коловоз.

ŠKODA SCALA Safety Assists

Lane Assist

Lane Assist препознава ненамерно напуштање на коловозната лента. Испраќа визуелна порака на борд компјутерот и иницира корективно управување. Активно е на брзини над 65 km/h под услов да има препознатливи ознаки за лентите на патот и да не е вклучен трепкачот.

ŠKODA SCALA Safety Assists

Front Assist

Front Assist претставува безбедносен систем за алармирање при препрека пред возилото. Во ситуација на неизбежен судир, ги активира сопирачките со цел да ги минимизира последиците. Исто така врши моментално сопирање при обид на пешак да го премине патот на возилото на брзини до 30 km/h.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна