Модели

Поддржани уреди

iOS паметни телефони (верзија 7 и погоре)
Android паметни телефони (верзија 4.0 и погоре)
Windows паметни телефони (верзија 8.1 и погоре)

Напомена:
Ограничување за Android 4.3 и погоре: мобилните податоци не се достапни, ако се користи функцијата Smartgate. Можат да се приклучат до четири различни уреди, кои изведуваат иста апликација или уред, којшто изведува четири апликации.

Често поставувани прашања

Мојот паметен телефон не може да се поврзе

Ве молиме проверете ги следните точки:

  • Дали Вашиот уред ги исполнува сите барања?
  • Дали е активиран Wi-Fi во Вашиот паметен телефон?
  • Дали е вклучено палењето во Вашата ŠKODA?
  • Дали SmartGate се прикажува во листата на достапните Wi-Fi мрежи?
  • Ја внесовте ли лозинката за успешна врска?
  • Одговара ли лозинката?
  • Дали уредот што го користите е поврзан и со друга Wi-Fi мрежа?
  • Дали се евентуално поврзани премногу уреди/апликации со единицата на SmartGate? (макс. 4 уреди или 4 апликации)

Доколку ги проверивте овие точки и ако Вашиот уред сепак сè уште не може да се поврзе, Ве молиме стапете во контакт со Вашиот партнер за ŠKODA.

 

Колку уреди можат да се поврзат со SmartGate?

SmartGate нуди можност за спојување до 4 уреди.

 

Дали мојот уред е компатибилен?

Во врска со тоа, прочитајте го поглавјето "Поддржани уреди".

 

Го добив моето ново возило со SmartGate. Како да воспоставам врска меѓу SmartGate и мојот паметен телефон?
Сите информации за воспоставувањето врска, за конфигурацијата и за управувањето со лозинката ќе ги најдете во упатството за употреба на Вашето возило.

 

Мојата интернет врска се прекинува кога користам SmartGate.

Оперативниот систем Android не дозволува да се користат мобилни податоци преку Wi-Fi. Решение: Wi-Fi Direct

 

Колку е сигурна податочната врска?
SmartGate е сигурна исто колку и било која друга Wi-Fi (WLAN) врска и е заштитена со лозинка што можете сами да ја изберете (8 до 17 знаци). Детали за тоа ќе најдете во упатството за употреба.

 

Може ли SmartGate дополнително да се опреми?
Да. Деталите за тоа ќе ги добиете во Вашиот салон за ŠKODA (додатоци).

Ажурирање на софтвер

Имате две можности за да ја ажурирате Вашата SmartGate Unit:

1. Со апликација Service

Преку апликацијата Service можете да го преземете најактуелниот софтвер. Линкот до апликацијата Service ќе го најдете во поглавјето "SmartGate Apps". Деталите ќе ги најдете во прирачникот за Service App.

 

2. За веб-интерфејсот

Оваа опција им ја препорачуваме на исклучиво верзираните корисници. Во спротивно на апликацијата Service, Вашиот паметен телефон можете да го ажурирате со секоја верзија на софтвер - дури и со постари верзии. Да се инсталира постар софтвер може да е предност во оној случај, кога најактуелниот SmartGate совфтвер не е поддржан од Вашиот паметен телефон.

Напомена:
Поддржани интернет пребарувачи: Firefox, Google Chrome, Internet Explorer 9 и погоре.Доколку се прекине едно ажурирање односно ако не се инсталира успешно, SmartGate единицата го задржува својот досегашен софтвер.

 

Ажурирање преку веб-интерфејс

За да го ажурирате Вашиот софтвер, потребни Ви се податоци за ажурирање, коишто можете да ги повикате на веб-страницата на ŠKODA и уред, како на пр. лаптоп, на кој можете да ги меморирате ажурираните податоци. За време на целиот процес на ажурирање, палењето на Вашето возило мора да е вклучено. Не стартувајте го моторот за време на ажурирањето, бидејќи тоа може да го прекине процесот на ажурирање.

  1. Преземете ги ажурирањата на SmartGate и меморирајте ги на Вашиот лаптоп (.ota-датотека ~1 MB).
  2. Активирајте Wi-Fi на Вашиот лаптоп.
  3. Вклучете го палењето на Вашето возило.
  4. Поврзете го Вашиот уред со SmartGate.
  5. Отворете го интернет пребарувачот и внесете ја следната адреса http://192.168.123.1 *. Веб-интерфејсот за ажурирањето на SmartGate е креиран. Сега ќе ги видите информациите за единицата на SmartGate, како и инсталираната верзија на софтверот.
  6. Кликнете го копчето "Update" (ажурирај) во долниот дел на веб-страницата. Ќе бидете проследени на нова страница.
  7. Изберете датотека за ажурирање и кликнете на "Upload File" (постави датотека). Оваа датотека се вчитува во единицата на SmartGate. Процесот трае околу 2 минути.
  8. По ажурирањето, ќе биде побарано од Вас, истото да го потврдите со кликнување на копчето "Perform update" (изврши ажурирање). Процесот на ажурирање трае други 2 минути.
  9. За време на процесот на ажурирање, SmartGate не дава Wi-Fi сигнал - врската се прекинува. Штом ќе заврши ажурирањето, SmartGate одново се стартува и започнува со пренесувањето. SmartGate повторно ќе Ви се прикаже во листата на достапни Wi-Fi уреди.
Конфигурација

Внесете 192.168.123.1 во Вашиот веб пребарувач. Се отвора страница за SmartGate конфигурацијата. Во полињата за конфигурација можете да ги смените поставувањата за Wi-Fi.  Ако ги оставите полињата празни, се врши враќање кон фабричките поставувања.

 

Ја заборавивте Вашата SmartGate лозинка?

Во овој случај SmartGate мора да се ресетира кај авторизиран сервисен центар, така што ќе се раздели од напојувањето со струја. По одново стартување SmartGate е ресетиран на фабричките поставувања.

 

Wi-Fi конфигурација
  • SSID: менување на името на Wi-Fi врската**
  • Канал: поставете го Wi-Fi каналот за комуникација (1-10)
  • Безбедност: изберете го видот на Wi-Fi сигурносната врска

  Отворено: некодирана (при секоја врска мора да внесете лозинка)
  WPA: едноставно кодирана врска
  WPA2: проширена кодирана врска
  WPA/WPA2 Код: поставете лозинка за кодираната врска

  • Јачина на испраќање во %: утврдете ја јачината на испраќање за Wi-Fi врската (5-100%).
  • DHCP Lease-Time [min]: времетраење на приемот на IP-адресата
  • HTTP Port: сменете го HTTP бројот на портот

Измените во поставувањата на SmartGate се ефективни дури по извршувањето на следните чекори:

  • Меморирајте ги измените со копчето "Save"
  • Започнете го одново SmartGate со копчето "Reboot"

 

Кратенки
  • BSSID: еднозначна ознака на адресата на мрежните уреди; се доделува од страна на производителот (MAC-адреса)
  • DHCP: динамичното доделување на IP-адреси на приклучените уреди
  • HTTP port: мрежна порта за комуникација помеѓу два уреда со помош на HTTP протокол (Порта 80 претходно поставување за интернет пребарувачот)
  • IP address: еднозначна адреса на мрежните уреди
  • MAC address: еднозначна, ознака за мрежниот уред доделена од произведувачот
  • SSID: еднозначно идентификување на Wi-Fi мрежата (име на Wi-Fi мрежата)
  • WPA/WPA2: вид на кодирање на податоците во Wi-Fi мрежа

 

* Ако HTTP портата се постави на друга вредност од 80, адресата мора да се внесе во следниот формат: http: //192.168.123.1:xxxx (xxxx - сменет број на HTTP портата).

**Внесете го SmartGate (SSID) со 1-17 знаци без дијакритични како и без посебни знаци (+ - / итн.).

 

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете