Модели

Smart Gate

Simply Clever возење

Со SmartGate Вашиот паметен телефон или таблет безжично го поврзувате со Вашето возило. На тој начин, добивате пристап до корисни податоци како на пример, потрошувачка на гориво или возна динамика.

SmartGate апликациите ги користат овие податоци за да ги пресметаат податоците за возилото и графички да ги прикажат. На овој едноставен начин можете да анализирате најразлични варијабли за возењето и  да дознаете повеќе за Вашиот стил на возење. Комуникацијата се врши во една насока - Вие може само да ги прочитате податоците за возилото, но не може да ги промените. Апликациите може бесплатно да се добијат во App-Stores (Google Play Store, App Store). SmartGate може да се корити независно од SmartLink.

Предуслови

Предуслови за беспрекорна функција се SmartGate единица вградена во возилото, поддржан паметен телефон со оперативен систем iOS или Android, како и потребните апликации. Нарачајте го SmartGate како дополнителна опрема уште при купувањето на Вашето возило или купете ја подоцна од оригиналните додатоци на ŠKODA.

ŠKODA Drive

ŠKODA Drive

SmartGate апликации

При пребарувањето во App Store на Apple или Android внесете "SmartGate SKODA a.s." за да ги добиете исклучиво соодветните SmartGate апликации на ŠKODA. За Вашиот Android паметен телефон, има апликација за преглед којашто Ви дава преглед на сите SmartGate апликации заедно. Оваа SmartGate апликација може да ја преземете тука .

G-метар - Вашето возење од друга перспектива.

Дали некогаш сте се запрашале како изгледаат динамичните параметри на Вашето возење? G-метарот на ŠKODA AUTO Ви ја прикажува силата на гравитацијата, забрзувањето, брзината, бројот на вртежи на моторот, сопирањето, менувањето степени и силата на педалот за гас. Апликацијата Ве предупредува доколку се пречекори зададена вредност.

Интелигентна инструментна табла

Оваа апликација го претвора Вашиот паметен телефон во продолжен борд компјутер (MFA - повеќефункциски индикатор). MFA дозволува пристап до над 40 параметри на системите во возилото, коишто може да се прикажат во три прикази со можност за приспособување.

Вашиот личен записник на возења

Следете ги Вашите возни перформанси. "Performance" е виртуелен записник на возења што меморира избрани податоци за возењето, како брзината, бројот на вртежи на моторот, забрзувањето, силата на педалот за гас и времетраењето на сопирањето. Потоа податоците може да ги повикате за да ги анализирате или размените.

Обемна алатка за штедливо возење

Апликацијата ŠKODA Drive ги следи избраните параметри во врска со штедливото возење. Врз основа на добиените податоци, се креира листа на податоци за возењето според којашто може да следите колку гориво и пари штедите и се разбира, колку еколошки возите. Листата со податоците за возењето може да се меморира во ŠKODA Drive порталот, каде што може да управувате со Вашите податоци и Вашите успеси да ги споделите со семејството и пријателите.

Симулатор на звук на моторот

MotorSound е симулација на звукот на моторот врз основ ана забрзувањето или податоците за бројот на вртежи на моторот на Вашата ŠKODA. Има три звука на тркачки мотор. За поинтензивно да го слушате звукот преку звучниците во Вашето возило, едноставно поврзете го Вашиот паметен телефон преку Bluetooth или преку AUX-приклучокот со Вашето возило.

Забава за младите патници

Little Driver е едукативна игра за децата и за нивните родители. За време на возењето децата ги отсликуваат дејствијата на возачот на нивниот таблет. На крајот на играта, нивниот успех се наградува со поени, коишто може да ги употребите за сопствени ŠKODA возила по мерка.

Апликација Smart Racer

За патниците што патуваат со Вас, апликацијата ŠKODA Smart Racer нуди забава со тркачки игри за време на возењето. Притоа, брзината на вритуелното возило во играта се приспособува на реалната брзина на ŠKODA возилото. Играчите мора да избегнуваат неподвижни и подвижни препреки и притоа може да собираат поени за да отворат други дизајни на ŠKODA возила. Преку социјалната мрежа "Google Play Game" играчите може да се мерат со пријателите.

Апликација ŠKODA Service

Со Вашата ŠKODA патувате секогаш безбедно.
За во случај кога сепак Ви е потребна помош, сега има нова апликација ŠKODA Service за Вашиот паметен телефон. Оваа апликација на ŠKODA AUTO е мобилен асистент којшто Ви обезбедува функции и информации за Вашата ŠKODA кога и да имате потреба од нив.

ŠKODA Little Driver

Долгите патувања со автомобилот и децата одзади може честопати да се претворат во мал предизвик за нервите. Кога веќе ќе ги потрошите сите начини за анимирање на Вашите деца, а тие и покрај тоа не го задржуваат долго вниманието на едно нешто, тогаш обидете се со апликацијата "ŠKODA Little Driver", со којашто Вашите деца ќе учествуваат во доживувањето на возачот и доброто однесување при возењето ќе може да го научат преку игра.

ŠKODA G-метар

ŠKODA MFA Pro

Технички детали за Smart Gate

Најчесто поставувано прашања и ажурирање на софтверот

Технички детали
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете