Модели

Škoda Octavia Ентериер

Опкружени со врвна технологија

Еден од специјалитетите на Octavia RS е неговиот целосно нов мултифункционален спортски волан со три краци. Сите клучни информации ви се секогаш на повидок благодарение на стандардниот виртуелен кокпит од 10,25 инчи, кој доаѓа со 5 распореди - вклучително и спортски. Опционална карактеристика е head-up дисплејот, кој ја проектира вашата моментална брзина, навигацијата и други информации на предното ветробранско стакло.

Škoda Octavia Ентериер

Стандардна спортска внатрешност

Пространата внатрешност комбинира елеганција со спортски стил. Главните карактеристики на стандардната опрема ги вклучуваат спортските седишта обложени со ткаенина со RS лого (или со опционален тапацир на Suedia), црвени шевови, LED амбиентално осветлување, црна облога на покривот и контролна табла со Suedia ткаенина и лента со дизајн на карбон. Спортскиот впечаток на внатрешноста е заокружен со педали од нерѓосувачки челик.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна