ŠKODA OCTAVIA Безбедност
Системи за помош при возење
Еден семеен автомобил никогаш не може да има премногу асистени за помош на возачот за заштита од опасни ситуации. Новата Octavia отсега може да се справи и со дополнителни ситуации, како на пример: го следи претстојниот сообраќај кога вртите на лево и доколку постои опасност го стопира возилото. Или пак откако ќе паркирате, тој ја следи зоната зад себе и ве предупредува дали постои опасност да удрите во друг автомобил или велосипедист кога ќе ја отворите вратата.
ŠKODA OCTAVIA Безбедност
Воздушни перничиња
Девет воздушни перничиња (предни и странични напред, странични воздушни завеси, странични и за задните патници, перниче за колената на возачот) ги штитат возачот и сите патници во возилото од повреди. Покрај тоа, eCall системот автоматски го контактира центраот за управување со кризи во случај на несреќа.
ŠKODA OCTAVIA Безбедност
Пет ѕвезди за новата Octavia
Euro NCAP и додели максимални Пет Ѕвезди на новата Octavia, со што се потврдува дека автомобилот нуди оптимална заштита за сите патници.
Во категоријата "Заштита за деца" Octavia доби оценка од 88% од вкупните поени, рангирајќи ја на горниот крај од сите тестирани возила. Во категоријата "Заштита за возразни" Octavia постигна 92%.
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна