Škoda Octavia Travel-Assistent

Систем за помош при возење

Системот за помош при возењето вклучува различни системи и функции, кои ќе ви ги претставиме поединечно на следните страници. Ако тој се активира, возилото може многу да го олесни возењето и да ја зголеми удобноста при патувањето. Откако ќе се активира, Системот за помош при возењето може автоматски да го запре и стартува возилото, да го држи возилото во лентата, да ги следи другите автомобили во сообраќаен метеж и да го прикажува околниот сообраќај на дисплејот пред вас.

Škoda Octavia Travel-Assistent

Автоматско регулирање на растојанието со предвидливо регулирање на брзината

Автоматското регулирање на растојанието со предвидливо регулирање на брзината не само што го следи сообраќајот пред вас, туку ги обработува и препознаените сообраќајни знаци и ограничувањата на брзината што се зачувани во системот за навигација. Врз основа на овие информации, брзината се прилагодува навремено, на пр. кога возилото се приближува до кривина, кружен тек или раскрсница или како одговор на промена на максималната дозволена брзина.

Škoda Octavia Travel-Assistent

Препознавање сообраќајни знаци

Модулот за обработка на слики ги пребарува скенираните слики за познати сообраќајни знаци и ги споредува резултатите со податоците од системот за навигација. Системот ги обработува знаците за ограничување на брзината, знаците за забрана на претекнување, знаците «забрането влегување» на еднонасочните улици и сите дополнителни прописи, како и соодветните знаци за откажување и му ги покажува на возачот.

Škoda Octavia Travel-Assistent

Систем за помош при одржување коловозна лента со прилагодливо водење по лента

Системот за помош при одржување коловозна лента препознава доколку вашето возило ненамерно скршнува од лентата. Системот користи камера која регистрира ознаки на ленти на патот, дури и жолти линии на градежна зона, сообраќајни конуси и други ограничувања на патиштата или на коловозните ленти. Со приспособливо водење по лента, системот интервенира во управувањето и се обидува да го задржи возилото во избраната лента без да предизвика да се ниша.

Škoda Octavia Travel-Assistent

Систем за помош при застој

Системот за помош при застој го олеснува возењето во сообраќаен метеж. Тој ги користи автоматската контрола на растојанието и системот за помош за одржување лента за стартување и сопирање, како и за контрола на воланот, со што го прилагодува возилото на движењата на околните возила во сообраќаен метеж.

Škoda Octavia Travel-Assistent

Систем за помош при итен случај

Системот за помош при итен случај го намалува ризикот од сообраќајна незгода ако возачот не се чувствува добро. Штом системот за помош за одржување коловозна лента ќе открие дека рацете на возачот не се на воланот дури и по предупредувачката порака, се активира системот за помош при итен случај: тој го сопира возилото до мирување, го задржува во лентата и ги вклучува предупредувачките трепкачи за опасност.

Исто така види
Škoda партнериИмпресумЗаштита на податоциComplianceCookie SettingsСистем за пријавување неправилности
Важни забелешки