Претставен Новиот ŠKODA KODIAQ.
2021-04-13
Ви ја претставуваме четвртата генерација на најпродаваниот ŠKODA модел - комплетно новата OCTAVIA. Простран модел кој е исто толку разновиден во деловни ситуации колку и практичен во рамките на семејството. Со своите компактни димензии, најсовремени системи за асистенција при возење и извонреден комфор, новата OCTAVIA е совршена за градски сообраќај и долги патувања.
Со своите совршени пропорции, уредни површини и засилена аеродинамика, целосно новата OCTAVIA изгледа стилски и спортски. Како што е и вообичаено за OCTAVIA, таа го задржува својот безвременски дизајн, а како резултат секогаш ќе ја препознаете кога ќе ја видите.
Свеж дизајн кој никогаш не застарува
Совршено избалансирани пропорции кријат уште поголем багажник
Современ ентериер, добро уредени дисплеи лесни за контрола и изобилство на простор
Уживајте во лесниот автоматскиот пренос на брзини со новата "shift by wire" технологија
Багажниот простор е направен уште поголем, собирајки регуларни 640 l или 1700 l со спуштање на задните седишта
OCTAVIA секогаш се истакнува со оние карактеристики кои ни се нам најважни.
Новата OCTAVIA е четвртата генерација на нашиот најпродаван модел
Повеќе од 6.5 милиони возила се испорачани до клиенти од 1996-та година
Моментално, OCTAVIA е најпродован модел на неколку Европски пазари
Низ нејзиното постоење, OCTAVIA се има закитено со повеќе од 50 интернационални признанија